ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина кои престојуваат во Северна Македонија

May 29, 2022 13:36
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик-народниот правобранител Јован Андоновски заедно со Амбасадата на Украина во Северна Македонија и Здружението на Украинци во претходните денови организираше хуманитарна акција за помош на бегалците од Украина кои престојуваат во Северна Македонија. На прес-конференција денеска Андоновски рече дека целта на спроведувањето на оваа акција е да се помогне на лица кои се во неволја и се дојдени само со една торба лични работи што, како што рече, едвај успеале да ги соберат во бранот на воените дејствија што Русија ги спроведува врз Украина.

Во период од 25 до 27 мај сите граѓани кои сакаа да помогнат, имаа можност во „МОШ Бар“ да остават храна, облека, средства за хигиена, лекови, парични средства, а на 27 мај беше организирана забава на која се собираа симболични 100 денари за да им се помогне на луѓето од Украина.

– Тоа што го добивме како информација од Амбасадата на Украина и Здружението на Украинци во Севена Македонија е дека тие лица се соочуваат со низа проблеми, како што се сместувањата, понатаму недоволните средства со кои располагаат и затоа бевме поттикнати да ја организираме оваа акција преку која се пристапи на оние средства што им беа најпотребни, пред сè храна, облека, витамини, средства за хигиена, како и парични средства што беа собрани на 27 мај на специјалната забава што беше организирана овде во овој локал, изјави Андоновски.

Тој вели дека проблемите се далеку посериозни бидејќи бегалците од Украина имаат проблеми со моменталниот статус во државата, односно немаат можност да пристапат до пазарот на трудот, а со тоа не можат да остварат сопствени извори на приход.

Роман Буга, заменик-амбасадор на Украина, се заблагодари за помошта и поддршката и се надева дека ќе продолжат ваквите хуманитарни активности.

– Многу сме среќни што луѓето од вашата земја даваат силна поддршка на нашата земја, на нашите Украинци, во ова тешко време во кое веќе четврти месец во Украина владее страшна војна. Многу луѓе ги напуштија своите домови, својата земја, за сите нив е потребна голема поддршка како материјална така и морална. Сите видови на поддршка се добредојдени затоа сме ви благодарни на сите вам. Велите дека сте мала земја, но ние секојпат одговараме дека имате големи срца и токму оваа ситуација покажува дека вистинските пријатели се гледаат во тешки времиња и јас се надевам дека оваа акција како дел од целосната поддршка на Украинците сместени во Северна Македонија ќе биде продолжена, рече Буга.

Олександар Урбановиќ од Здружението на Украинците во Северна Македонија информираше дека заедно со Амбасадата на Украина во Северна Македонија успеале да испратат 14 камиони хуманитарна помош, и апелираше дека сè уште е потребна помош, а сите кои сакат да помогнат тоа можат да го направат во магацинот на „Горска“ во Ѓорче Петров.

– Уште на самиот почеток на војната во Украина почувствуваме голема поддршка од Македонија и со таа поддршка заедно со Амбасадата успеавме во Украина да испратиме 14 камиони хуманитарна помош. Со овој настан ќе помогнеме на одреден дел од луѓето што се тука во Македонија, можеби нешто ќе се прати и за Украина и со тоа ние ќе имаме можност да им помагаме на оние кои секојдневно се под стрес од оваа војна. Помошта во првата прилика ќе биде или испратена во Украина или споделена тука меѓу Украинците на кои им е потребна, порача Урбановиќ.

Во моментов, во Северна Македонија пријавени се околу 300 бегалци од Украина кои имаат службени потврди, сместени кај роднини или пријатели. Меѓу нив има мали деца, но и повозрасни лица на кои им е потребна социјална и здравствена помош.

Заменик-народниот правобранител информираше дека има и лица кои воопшто се немаат регистрирано и престојуваат на основа на туристички престој во државата и според некои неофицијални информации вкупно има околу 1000 Украинци.

Организаторите апелираа до државните органи што поскоро да се реши статусот на бегалците од Украина, со цел да имаат пристап до пазарот на трудот, здравствена заштита, образование. Ова прашање, вели Андоновски, не мора да се реши со билатерален договор помеѓу двете држави, може да се реши и со одлука на извршната власт.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

НАЈНОВО

„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk