ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џерико

На угостителот му беше убаво што го ебеме во мозокот, поубаво отколку кафеаната да му биде празна и пуста, жив кур да не му влегува, а ние ебиветрите од мојата категорија, се радувавме  на можноста за евтини пари да се просеруваме на политичко рамниште: Заев, Шекеринска, Спасовски, кој колку пари украл преку Меѓународниот сојуз на Кикифрики и зошто сите не се сликале по сто пати пред да го ограбат Силјана и како на 12 април народот ќе ги казни така што на власт ќе го врати Никола Груевски.

January 22, 2020 09:23
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Пустелија.

Со бандери и бензински станици.

Како во „Џерико“.

Брус Вилис, пред да му падне косата.

Со тесен шешир.

Борселино.

Се сеќавате, не!?

Пресно обновена кафеана на градската периферија. 

„Три палми на отокот на среќата“. 

Хахаха!

Бев на лапачка.

Јазикот ме уби.

Ko Брус Вилис куршумот…

Неуспешно, се разбира.

Кирилицата и македониџата.

Готов сум.

Сѐ изгледаше ганц ново, убаво и добро.

Како да го беа поминале екипите вмро.

Антонијо, јебем ли ти матер….

„Ха“ рече човекот што го носеше прасето, „нашите веќе биле тука“.

„Да“, рече адвокатот на друштвото со строго ограничена одговорност, „ако кафеаната е вака дотерана, кој знае колку убава ќе биде Македонија.“

Само шемата беше стара: ракијата наша, виното наше, печењето наше, масата, салатите и по некое вино плус, на кафеанџијата. 

Сите бевме задоволни. 

На угостителот му беше убаво што го ебеме во мозокот, поубаво отколку кафеаната да му биде празна и пуста, жив кур да не му влегува, а ние ебиветрите од мојата категорија, се радувавме  на можноста за евтини пари да се просеруваме на политичко рамниште: Заев, Шекеринска, Спасовски, кој колку пари украл преку Меѓународниот сојуз на Кикифрики и зошто сите не се сликале по сто пати пред да го ограбат Силјана и како на 12 април народот ќе ги казни така што на власт ќе го врати Никола Груевски.

Кој ќе ги уапси сите што пропуштиле да го уапсат него!

Сосе себе!

Ја џитнав првата ракија и реков:

 „Па тоа е идеална комбинација, мај френдс, тој што го баравме да се бара самиот себе, да се најде, да се осуди и да лежи, како не ни текна порано.“

„Е, не, ќе се заебаваме“, рече другарот што го носеше прасето.

„Сакаш да кажеш дека е најдобро на чело да имаме човек кој ќе краде, ќе се фаќа самиот себе, ќе се суди и ќе лежи“, праша  режисерот во нашите редови.

„Да“ рече жената чие лице беше покриено со ободот на некаков темен шешир и со ниското ниво на келвините во лампите.

Како Мики Рурк во оној филм.

Забравам му го името.

„Јас сум Историјата? Говњари, не се заебавајте со мене и со себе.“

Откако ја поминавме оваа процедура, како кај хајманите на аеродромите, седнавме на масата.

Фрлив два-три погледа, лево-десно и, еве ги моите впечатоци.

Неверојатно ниво на простоќа кај таканаречената виша средна класа.

Вештаци, директори, менаџери, адвокати…

Глупоќа.

Која се изразува преку неспособноста да се разбере дека не е добро да се седи на рингла вклучена на деветка или да се скока од авион со кишобран.

Потоа помислив дека прасеќождерите, можеби, и не се толку глупави. 

Дека, можеби, глумат глупоќа. 

Да, но, со каква цел!?

Зошто некој би бил толку глуп.

Ако не е!?

Едно време мислев дека се руски агенти.

Кои шират катастрофизам, автошовинизам и идиотизам со идеја дека никој не може да му го начука на Македонецот подобро од тој самиот кога ќе се тури во пансловенскиот филм.

Потоа на ум ми дојде српската  варијанта.

Демек, говњарите на масата се српски шпиуни.

Голема мала Србија без Косово, но со Македонија.

Парчиња, додуша.

Басара ми падна на ум:

“Ако Србија не е конципирана како држава на граѓаните туку како (пара)воена база на српскиот народ која со уставноста, законитоста и останатите западњачки трици и кучини, ќе се позанимава “откако ќе го заокружи својот животен простор”, како што тоа убаво го формулира еден угледен тукашен имбецил.”

Да не се овие клонови на угледникот што го споменува Светислав!?

Веројатно, си реков, додека мочав во клечавското веце, кој друг би можел да биде волкава будала.

 

 


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.
Next Post

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk