ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Продолжуваме со поддршката за граѓаните и компаниите со редизајнирани мерки

June 2, 2022 19:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека со последната  владина одлука еден дел од мерките не се укинаа, а на друг дел се работи на редизајнирање за подобар опфат на граѓаните и на компаниите. Ковачевски истакна дека сите  мерки кои што беа направени во март годинава беа многу детално планирани со аналитички пристап со истражување и со консултации со меѓународните финансиски институции и нивните експерти.

„Тие чинеа 400 милиони евра вкупно заедно со другите исплати во однос на субвенционирање на електрична енергија, 615 милиони евра и беа насочени кон намалување на даночните приходи, со намалување на акцизите на горива, намалување на ДДВ за горивата. Сè уште е на важност намалувањето на ДДВ за електричната енергија, директни издатоци на најранливите категории на граѓани по 1.000 денари месечно, директни издатоци на пензионерите по 1.000 денари месечно, обезбедување на гарантни шеми, без каматни кредити и половни кредити со многу ниски камати за енергетска трансформација на компаниите во делот на продажба. Ова значи дека дел од тие мерки не се укинати, а дел од тие мерки сега се редизајнираат со оглед на тоа што пред нас претстои тешка зима и мора да обезбедиме и ова беше планирано, значи не е  нешто што не е планирано”, рече премиерот Ковачевски.

Во однос на цените на енергенсите и храната претседателот на Владата Ковачевски рече дека не плаќаме нешто повеќе од тоа што се светски цени.

„Апсолутно дека мерките помогнаа, опозицијата ги критикуваше овие мерки на почетокот. Имаше критики но тие мерки се покажаа дека обезбедија заштита од ценовен шок при првиот удар на кризата бидејќи да не заборавиме при првиот удар на кризата во околните држави имаше енормно покачување на цените на храната и на горивата и на цените на електричната енергија. Она што го предвидуваат меѓународните финансиски институции и анализите кои што тие ги прават е дека до крајот на годината би требало да дојде до стабилизирање на ценовните притисоци што секако дека ќе зависи од развојот на војната во Украина, бидејќи таа има најголемо влијание врз она што се случува особено врз цените на енергенсите”, рече Ковачевски.

Next Post

Ковачевски: Мора да се биде одговорен и во однос на ликвидноста на буџетот

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk