ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Не постои документ со прифатени барања само на Бугарија

June 2, 2022 19:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Не треба да има загриженост дека постои некаков документ во којшто се прифатени барања само на една страна“, истакна премиерот Ковачевски за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 на прашањето колку сме блиску до изнаоѓање на заедничко прифатливо решение со Република Бугарија во контекст на заложбите на претседателот Макрон за време на претседателствувањето на Франција да се направи исчекор во однос на проширувањето на ЕУ, информираат од владината прес-служба.

„Се спомнува и преговарачката рамка, но преговарачката рамка е мултилатерален документ којшто го одобруваат сите земји членки на ЕУ и кој што, на крај и ние треба да го одобриме. Тоа е документ во однос на кој најголемиот дел од европските држави не дозволуваат билатерализација на рамката со оглед на тоа што рамката претставува преговори со ЕУ и усогласување, односно пат на кој една држава се интегрира во ЕУ“, истакна Премиерот.

Што се однесува до изјавата на претседателот Макрон и претседателот на Европскиот совет Мишел, за создавање Европска политичка заедница во кој би влегле сите европски држави кои не се членки на ЕУ, премиерот Ковачевски оцени дека овој предлог повеќе би се однесувал на држави кои што треба да ги исполнат критериумите во однос на отпочнување на процесот за интеграција во ЕУ како Украина, Молдавија, Грузија.

„Ние практично имаме процес кој е дефиниран токму на предлог на претседателот Макрон за пристапување кон ЕУ преку кластеризација на поглавјата. Само за илустрација, ние имаме веќе усогласено 45% од нашето законодавство со ЕУ. Доколку ја погледнете споредбата на нашата усогласеност и хармонизираност со европската легислатива визави држави од соседството кои преговараат и по 10 години, ние имаме поголема усогласеност  со европската легислатива. Ги имаме исполнето сите услови во однос на отпочнување на преговорите, по прашање на усогласеноста и поставеноста на институциите, за позитивните извештаи. Од наша страна се имаме направено” оцени премиерот Ковачевски.

Ковачевски подвлече дека позициите на нашата земја се договорени во декларацијата која што ја изгласа Собранието и која што ја поддржаа сите политички партии и дека тоа се позициите до кои што Владата се придржува во разговорите со Република Бугарија.

„Заедничките решенија, како што реков во неколку наврати, треба да бидат базирани на европски вредности, на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави бидејќи само  така ќе имаме основа за градење добри меѓусоседски односи и брзо интегрирање во ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски.

 

Next Post

Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија: Силно сме посветени на инвестиции во енергетскиот сектор

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk