ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија: Силно сме посветени на инвестиции во енергетскиот сектор

June 2, 2022 19:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се работи на изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас со соседните земји, како и создавање на услови за инвестиции во обновливи извори на енергија, истакнал министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема „Енергија и животна средина“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија што денеска се одржува во Вашингтон, јавува МИА.

Министерот потенцирал дека се посветени на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија.

Како што информираат од Министерството, Бектеши ги презентирал активностите кои се во тек во Република Северна Македонија, односно инвестициите во делот на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како што се хидроцентрали и фотовлотаични централи, мерки за декарбонизација во рамки на Националниот план за енергија и клима и мерките за развој на пазарот на електрична енергија.

-До крајот на годината е предвидено да започне изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција, и преку јавни повици за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште ќе се потикнат инвестиции во обновливи извори на енергија, вели министерот Бектеши.

Сајбер безбедноста е нов поттик за Северна Македонија за што министерот потенцирал дека во план е најпрво да се воспостави правна рамка за безбедност на мрежни информациски системи во енергетиката, одобено на критичната инфраструктура на енергетиката со што ќе се транспонира соодветната европска директива.

Двете страни истакнале дека постои посветеност за јакнење на партнерството за соработка во енергетскиот дел, со посебен акцент на темите кои се разговараа во рамките на Стретшкиот дијалог и заложбите кои што произлегуваат од Парискиот договор за постепено укинување на јагленот до 2030 година, што произлегува од Националната стратегија за развој на енергетиката на Севрна Македонија до 2040 година и препораките на Министерскиот совет на енергетската заедница за подготвување на Интегриран национален план за енергија и клима.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Ковачевски: Оваа Влада за 120 дена направи повеќе од некои влади за 4 години

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk