Вооружените сили на Украина ослободија 1.017 населби од руските агресори во текот на 100 дена сеопфатна војна, на брифинг изјави заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко, пренесува Укринформ.
„Во ова време, вооружените сили на Украина ослободија 1.017 населби од напаѓачите, од кои 370 се веќе деминирани, додека во други работи Државната служба за итни случаи“, рече Тимошенко.
Тој истакна дека на ослободените територии на регионите Кијив, Харкив, Чернихив, Суми и Житомир, веќе е започната работа на реставрација на станбени згради и социјална инфраструктура. До 3 јуни, 1.194 објекти се целосно обновени, рече тој.
Тимошенко исто така истакна дека во ослободените градови постепено се обновуваат транспортните услуги. Поточно, тие се веќе обновени во повеќе од 700 населени места.
Тој додаде дека медицинските установи работат во 26 отсто од ослободеното подрачје, продавниците за храна се повторно отворени во повеќе од 600 населени места и банките во речиси 300.
Дополнително, во Украина секојдневно се доставува хуманитарна помош. Само во мај во земјата беа испратени повеќе од 126.000 тони хуманитарна помош, рече официјалниот претставник.
Ј. Ѓ.