ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комисијата за избори и именувања расправа за предлозите за уставни судии

June 3, 2022 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата и денеска продолжи расправата за предлозите за уставни судии. Пратениците расправаат за кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје да биде избран за уставен судија.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски упати забелешка и прашање до претседателката на Комисијата Марија Георгиевска дека минатата година пристигнала апликација за кандидатура од судијката Антоанета Димовска за член на Уставен суд и зошто ова се криело и вакво нешто не стигнало до пратениците. Додека, пак, Георгиевска истакна дека нема информации и дополнително ќе информира по добиените информации од службите.

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека самото отсуство на пратениците од власта покажува дека повторно ќе бидат избрани и ќе ги поминуваат филтрите за уставни судии кандидатите предложени од власта.

Павле Трајанов, пратеник на Демократски сојуз укажа на потребата на реформи во целиот судски систем, а посебно олоку поставеноста, дејствувањето и улогата на Уставниот суд. Посочи дека начинот на кој што се води целокупната постапка е за дискредитација на предложените кандидати за уставни судии, а не за нивна афирмација.

-Уставниот суд не само сега и не само актуелниот, туку и со години наназад е под силно партиско политичко влијание и таа работа ќе продолжи, бидејќи, поставеноста или начинот на избор на судии не дава гаранции дека тие ќе бидат судии со силен сопствен кредибилитет  и дека ќе ја ценат уставноста, законитоста на голем број на акти кои што доаѓаат до нив, рече Трајанов.

Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии.Освен предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски./МИА/

Next Post

Костовски: Родна Живковска била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот син е претседател на Совет на општина Кисела Вода

Shortcut

Најново

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk