Денес имам ноќно обраќање, па ќе бидам краток. Имаше многу работа. Ден без крај. Бев во Запорижја, Запорижската област. Ги поддржав нашите војници, ги наградив најдобрите. Го слушнав извештајот. Бевме на позициите, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во најновото обраќање.
Одржав средба со шефот на регионалната државна администрација, локалното полициско раководство, Службата за безбедност како и со некои градоначалници на привремено окупираните градови.
Се сретнав со жителите на Мариупол, кои успеаја да го напуштат градот живи и со децата. Овде ги пречека Хортица. Човечки и топло. Условите – видов – се привремени, но не беа лоши. Ги разбрав нивните тешки прашања. Мислам дека ќе ги решиме.
Секое семејство има своја приказна. Повеќето беа без сопрузите. Нечиј сопруг отиде да војува, нечиј – во заробеништво, нечиј, за жал, почина. Едноставно трагедија. Ни дом, ни сакана личност. Но, мора да се живее за децата. Вистинските херои се меѓу нас.
Потоа отидов со Шефот на Кабинетот на исток. Бевме во Лисичанск, бевме во Соледар. Горд сум на секој и секоја што ги запознав, со кои се ракував, со кои разговарав, кои ги поддржував. Нешто им донесовме на војниците. Нема да зборувам за тоа во детали.
А нешто донесовме од нив за вас. Тоа е важно. Донесовме убеденост. И сила. Им посакувам здравје. На нивните родители ниско им се поклонувам. За сите нас – победа.
Слава на Украина!







