ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СЕГА СМЕ КВИТ

Денес бараат власт за да бидат господари и на нашите деца, на кого му одат во прилог блокадите

На кого сè му оди во прилог конфликтот, бељите, блокадите и статус-кво ситуациите? На мицкофилите и путинофилите!... Со помош на корупција беа наши господари цела една декада, денес бараат власт за да бидат господари и на нашите деца... Проверете го вашиот извор пред да почнете со информациско голтање

June 6, 2022 10:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СЕГА СМЕ КВИТ
Share on FacebookShare on Twitter
3.6.2022

На кого сè му оди во прилог конфликтот, бељите, блокадите и статус-кво ситуациите? На мицкофилите и путинофилите!

Информацијата од ЕПП гласи вака: „Европската народна партија (ЕПП) на својот конгрес што се одржа во изминатите два дена во Ротердам, Холандија, освен што избра ново раководство на чело со германскиот европратеник Манфред Вебер, усвои и повеќе резолуции од кои една е и за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Во неа се вели дека ЕУ не е комплетна без земјите на Западен Балкан и дека тоа ќе биде прироритетот на нејзината надворешна политика“.

Чија е оваа информација за оние кои не знаат? Ова е официјалната порака на „фамилијата“ од партии во Европа со идеолошки предзнак „десноцентристички“. Што значи дека ова е фамилијата на Мицкоски во Европа.

Истата оваа „фамилија од партии“ ни вели: „Ние во ЕПП силно го поддржуваме отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ со Република Северна Македонија, вклучително и помирувањето со нејзиното минато, врз основа на критериумите и вредностите на ЕУ. Цврсто веруваме дека добрососедските односи се клучни за решавање на нерешените прашања“.

Што беше ставот на Мицкоски по овие прашања? Барем до овој момент ништо. Молчи Мицкоски, или ако збороува, обично ништо не кажува. А зошто е тоа така? Затоа што тоа не е опозиција. И тоа нема став. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е „власт на чекање“ која нестрпливо демне Димитар Ковачевски, СДСМ и ДУИ сами од себе да се рушат, па тие да бидат логични наследници на оваа земја. А во меѓувреме, само ќе напаѓаат, блокираат и ќе го напаѓаат Ковачевски, попатно ќе немаат став за ништо и за никој само како не би се замериле со оној што во иднина би ја очекувале неговата поддршка. Се разбира, пропагандата која ја форсираат на телевизорите ќе си продолжи. Добро, звучи одвратно, ама ова е денес нивната „идејна“ состојба.

Од друга страна, синоќа на „Клик плус“ ги слушнав Илија Димовски и Гордан Георгиев. Со двајцата не се согласив на милион основи за прашањата кои се обидоа да ги одговорат во емисијата, така тапи објаснувања, без адреса, просто ми беше неверојатно. Единствено за кое се сложив со двајцата е следната констатација: „во Македонија има најниско расположение за Европа од кога било порано“. Ајде, ѓутуруми, да видиме зошто е тоа така.

Луѓето кои не се за Европа во Македонија, се луѓе кои го поддржуваат режимот во Кремљ. Тоа се луѓе кои ја поддржуваат бруталната агресија и злосторство над Украина, конфабулирајќи го тоа во некое „истриско братство“. Не е воопшто тешко да се објаснат причините на овој став на нашите граѓани.

Путин, не заборавајте, со агресијата над Украина ја најави со зборовите: „Украина е историска грешка, лажна држава која не смее да постои“. Пред оваа изјава, би морале да го знаеме и тоа што Бугарите велеа за нас: Македонија не е вистинска, таа е титова измислица. Потоа, малку погоре северно од нас, се велеше дека Босна е измислена држава, па се велеше дека Косово е измислена држава, па се велеше дека Црна Гора е лажна држава итн. Тоа, не беа мои зборови, тоа беа зборови на „кагебеовско-удбашките“ инсталации во сите овие земји, вклучувајќи ја и нашата Македонија. И молим лепо!

Значи, тие антиевропски луѓе не се за европеизација на Балканот, тие се путинизација на Балканот. Сега нашите пивски филозофи ќе речат: добро, Јовановиќу, која е улогата на геополитиката на Балканот, дури приметувам дека ќе речат, „овде нема само руски интереси, на Балканот има и Западни, амерички интереси“. Предвидливо до болка.

Добра забелешка, само што не заборавајте, Западот не е тој што не сака Балканот да се интегрира во Европа, и Западот не е тој што сака ние овде да се мразиме, повторно да се убиваме едни со други (скраја било!), Западот сака да влеземе во Европска Унија, да пристапиме на тој цивилизациски свет од народи, а Русија сака сè спротивно од ова кое го набројав.

Русија на Владимир Путин поточно, и тоа не Русија на Владимир Путин од 2000 година, кога сакаше својата земја дури и да ја интегрира во НАТО, туку ова е Русија на овој денешен Владимир Путин. Неговата цел на Балканот è, реков еднаш а ќе речам уште еднаш: конфликти, заладени односи, статус-кво ситуации… И само се чека некоја „поволна“ ситуација за некоја несреќа на Балканот.

Лесно е, пријатели, да се излегува на телевизорот, да се општи и да не се кажува ништо. Само да се констатираaт општи места и да се креваат раменичиња. Во кревање на раменичиња, во зборување без јасна адреса од каде доаѓа сето зло, не може во Европа. Не може никаде, а за Европа најмалку.

2.6.2022

Со помош на корупција беа наши господари цела една декада, денес бараат власт за да бидат господари и на нашите деца

Некои ја гледаат државата како место во кое се организираат животите на луѓето, а некои други ја гледаат државата како место во кое може да ги прошират своите граници затоа што им е потребно нова работна снага, нов пазар и нови суровини…

Имено, партијата која сака да биде власт, а фала му на бога не е, во своите простории има лустери, плочки, бродски под и слична козметика од стотици илјади евра; партија која вели дека во државата има корупција е партија која сè и должи на корупцијата.

Погодувате, Мицкоски вели дека во државата имало корупција, а овие приказни ги слушам последниве триесет години: корупција, корупција, корупција; па го имате и ова: ние кога ќе дојдеме на власт ќе ја искорениме корупцијата. Не, јас велам. Искоренете го национализмот во државата, а потоа ќе се искорени и корупцијата.

На таа корупција и тој национализам Мицкоски & Груевски (а посебно овој последниот со таа нивна фамозна партија) беа господари на нашите животи цела една деценија. Корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ беше механизам со кој, ако ние не го спречевме, децата на нашите господари (од ВМРО) ќе беа господари на нашите деца.

Велат, државата нема пари, младите си одат, нема правда, нема демократија…

Е, јас би рекол повторно: лага! Мицкоски генерира фашизам се повеќе и повеќе. Ако се прашуваат „како е возможно тоа“?, ќе им кажам. Фашизмот и корупцијата одат рака под рака. Среќен е тоа брак. Нека се потсети Мицкоски како се одвиваше насилството, кои луѓе им беа на платни списоци, нека размисли малку кој се беше вклучен во нивната „политика“ и, во конечното: од кое време се тие фамозно-скапи лустери, тие бродски подови и останати ефемерии во нивната Бела палата? Од времето на Груевски!

Точен одговор, Мицкоски, конечно и ти нешто да погодиш: од корупцијата на нивната партија и корупцијата на нивната врхушка. И да го потсетиме Мицкоски на овој факт: неговата олигархија приватизира сè во оваа држава, а тој, сега, ќе ја искоренувал корупцијата во државата кога ќе дошол на власт така што повторно ќе ги приватизира фотељите по примерот на неговиот идеолошки татко Груевски.

Од друга страна, денес СДСМ и нејзината коалиција, без разлика што се на страшен тапет, е најдоброто нешто кое оваа земја го има. Велам, со сите проблеми и досегашни скандали кои ја пратат, тоа е најдобрата и најрепрезентативната партија (и политика) во државата. Има таму фасцинантни и исклучителни луѓе, има, велам, СДСМ луѓе од, што би се рекло, добри фамилии, со добро образование, најдобрите меѓу нас кои тоа го покажаа во низа од неколку изборни циклуци.

И тврдам, мора да им дадеме шанса да го завршат својот парламентарен мандат до 2024 година. Затоа што, нели, ни докажаа – во безброј наврати – дека во нивна политика има содржина и смисла.

Или вие мислите дека најдобро е да ги вратиме најлошите меѓу нас: оние кои си ја полнат својата партија со лустери и бродски подови од стотици илјади евра?

Сакате да кажете дека тие кои немаат никаква свест за јавно добро, а лустерот од десетици-и-десетици илјади евра „закачен“ во Белата палата е визија за подобро утре на сите граѓани? Или вие мислите дека државата е љубовен роман или ноар-жанр во кој треба да се фрустрираме од денешната понуда, а под превезот на тоа да ја вратиме корупцијата и насилството во неограничени колични?

Ни нема спас ако тргнеме по патот (или умот) на оние кои до вчера ги презиравме и, кои беа задолжени за сета беда и несреќа што не снајде. Јас, искрено, за таков компромис не сум спремен.

И ако вие мислите дека со Мицкоски Македонија ќе биде среќна бајка, во ред.

Оти јас во тоа ништо не верувам.

1.6.2022

Проверете го вашиот извор пред да почнете со информациско голтање

Вчера ги проследив анализите и тезите на конференцијата, „Справување со дезинформациите во Македонија“, која беше организирана од фондацијата „Метаморфозис“. Интересни заклучоци, добри поенти и важни адреси слушнав на таа конференција. Иако сум лесен на оптимизам и политички наивен (или неповратно „идеализиран“), би се осврнал или надоврзал (во низа) на тоа што таму беше кажано.

Fake news (лажни вести) е светска тема која има и локални последици. Оваа тема многу ги нервира нашите конзервирани опозиционери бидејќи тие „никогаш“ не лажат и не ги практикуваат лажните вести, а од друга страна, опасно ја користат таа тема само како би успеале да ја дестабилизираат земјата. Како ја дестабилизираат? Со лажни вести: идејата им е да го нарушат мирот, стабилноста и напредокот на граѓаните (онолку колку што е можно во целата анархичност и самоволие во регионот и светот). Притоа, направија сè бугарското вето дополнително да се заплетка. Но, во тоа, сега нема да навлегуваме.

Fake news е таков феномен што дури може да ги одлучи изборите и во најразвиените земји. Цели фарми од креатори на лажни вести, наративи и содржини интензивно се вклучуваат за да ги креираат изборите, а некаде и успеваат во тоа, како што беше во Америка во трката измеѓу Трамп и Хилари.

Денес постои и цела култура за креирање на различни идентитети, направени од микс на различни влијанија, прво преку нашето опкружување, па глобалната поп култура и различните информации кои, со помош на новите технологии и социјалните-онлајн медиуми, станаа лесно достапни. Со експанзијата на социјалните медиуми на корисниците им е дадено во раце самите да прават што мислат, да редефинираат и да го креираат својот идентитет, да најдат следбеници кои ќе ги делат нивните убедувања и вредности. Корисниците на социјалните медиуми се најголемите креатори, тоа е некоја општа констатација.

Ако сè ова ви претставува малку комплицирано и нејасно, дозволете да појаснам со многу практични примери. Поставете си го следното прашање: вашето дете кашла, има висока температура и болки. Имате опција да го одведете на матичен лекар, да го викнете дома педијатарот, да повикате брза помош или да го ставите во автомобил и самите да го однесете на болница.

Или, имате опција да погледате некој видео клип на јутјуб, да ги слушате советите на некој интернист кој никогаш не го видел вашето дете, никогаш не го лечел, а и самиот немате појма дали некого воопшто лечел – не, детето не ми е болно, тоа е сигурно некоја измама на фармакологијата и големите корпорации, ќе го оставам детето само да се избори со болеста, а и некој Кошалукосу Арбиосонов ми вели на јутјуб дека не може да умре. Може и тоа како да умре ако не се преземат реални мерки со вистински и реални доктори.

А, ако се случи најлошото, тогаш смртта оди на ваша душа.

Прекинете го ланецот на смртта со ширење на лажни вести/информации, немојте да бидете корисни идиоти, не бидете војник на светската пропагандна сила, а за тоа, кутар ти, појма немаш. Има луѓе кои опасно наплаќаат за своето лажење и манипулирање.

Ако е детето болно, педијатар, болница, по тој редослед.

Се сеќавате како функционираше приказната/хистеријата дека короната не постои? Еве еден пласитичен пример.

Тој што го сее семето на лага, најчесто нема одговор зошто тоа го прави, нема ни хипотеза, има неколку потполно лажни статистички податоци и уште ви вели – не верувам дека короната постои и луѓето почнуваат како луди да го шеруваат тој клип, длабоко убедени дека ја добиваат пропагандната војна.

Вакви ломови за прв пат добиваат неверојатни дисонанти и реакции. Русија пред сите предничи како главна земја – матица за ширење на fake news. Русија и во пропагандата е најлоша и најзлонамерна. А потоа луѓето ја голтаат таа хистерија несфаќајќи каква штета на човештвото му прават.

Ненад Јовановиќ

Next Post

Теории на пропагандистите на Кремљ - Светот оди кон нуклеарна бездна, ќе преживеат само мутанти од Бајкалското Езеро

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

Поевтинуваат дизелот и бензините, РКЕ со нова одлука

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Фронтлајн на Фејсбук

    ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орбановиот пораз како опомена за Македонија  

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk