ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јованоски: Најава за ревидирање на Договорот од Преспа е политички трик

Значи секоја  ревизија или реотварање на овој Договор е тотално несериозен, мислам дека е на граница на невозможен, бидејќи таа ратификација која се случува во сите земји членки на НАТО е под новото уставно име Република Северна Македонија – додава Јованоски, во изјава за Фронтлајн.мк.

January 22, 2020 16:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во период кога се очекува спроведување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија, се заостри реториката околу историскиот Договор со Грција со кој се реши долгогодишниот спор за името на нашата земја.

„Сериозна земја, која, нели, претендира да ги задоволи своите евроатлански и европски аспирации не треба да посегнува кон ревидирање на таков тип на договор, бидејќи не само што е билатерален, тој е и меѓународен договор, затоа што и трета страна, односно директно Европската Унија има свој влог“, смета Александар Јованоски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тој нотира дека не останавме имуни на она што се вика злоупотребување на она што беше склучено со Република Грција, особено односите меѓу двете соседни земји, за кои се постигнаа клучни договори за нормализација на односите и врз кој основ, а врз тие договори во моментот се завршува ратификацијата за прием на Република Северна Македонија во НАТО.

„Значи секоја  ревизија или реотварање на овој Договор е тотално несериозен, мислам дека е на граница на невозможен, бидејќи таа ратификација која се случува во сите земји членки на НАТО е под новото уставно име Република Северна Македонија“, додава Јованоски, во изјава за Фронтлајн.мк.

„Ценам дека е сепак, политички трик, се злоупотребува за време на изборната кампања. Само да се потсетиме дека иста ваква реторика беше употребувана и во Република Грција, кога лани и кај нив се одржуваа изборите“, вели тој.

Јованоски смета дека ревидирање на Договорот со Грција би довело до разочарување кон сите партнери кои се составен дел од овој процес и поминале низ ратификација на протоколот за НАТО за влез на државата во Алијансата, но од друга страна укажува на несериозност и незрелост на политичките лидери кои посегаат на прашање кое е поздравено на меѓународно ниво како историско и клучно за нормализација на ситуацијата и во државата и во регионот и во поширокото соседство.

Билјана Богдановска
Камера: Атанас Петровски

Next Post

Попладнево сообраќаен метеж во Скопје

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk