ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Маричиќ: Со ИПА поддршка Крушево ќе прерасне во европска туристичка дестинација

June 9, 2022 19:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, денеска престојуваше во посета на Крушево, каде оствари средба со крушевскиот градоначалник Томе Христоски и со заменик градоначалникот на албанскиот град Елбасан, Артур Куни, чии општини се корисници на Програмата „Прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија, Инструмент за пред пристапна поддршка (ИПА 2), 2018 – 2020, jaвува МИА.

– Соработката помеѓу општините Крушево и Елбасан е одличен пример за успешна прекугранична соработка преку реализирани ЕУ проекти кои даваат европска вредноста на регионот. Крушево е важна точка на нашата туристичка карта во која мора да продолжиме да вложуваме и да го искористиме потенцијалот кој го поседува за развој на туризмот, рече Маричиќ на состанокот.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на средбата беа разменети искуства во реализацијата на ИПА проектите и вредноста која тие ја имаат за развојот на општините, особено во полето на туризмот и беше посочено дека двете општини ќе продолжат да соработуваат и во други области, иако туризмот останува нивна примарна цел, искористувајќи ги рационално развојните фондови на ЕУ кои ни се достапни.

Во продолжение на посетата, вицепремиерот Маричиќ учествуваше и на работилница организирана во рамки на проектот на која македонски и албански туристички и маркетинг експерти подготвуваат „Стратешки документ за промоција на Крушево и Елбасан како единствена туристичка дестинација“.

Во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“, Општина Крушево ќе добие објект на полетувалиштето на Мечкин Камен, за потребите на организација на меѓународни и Светски првенства во параглајдинг.

Вицепремиерот Маричиќ заедно со градоначалниците ја посети оваа локација, каде дополнително ќе се постават две мерни станици, ќе се изградат две „даунхил“ патеки за планински велосипедизам и ќе се постави ЛЕД осветлување околу објектите од културата.

– Целосниот проект вреден 700 000 евра, европски средства, ќе ја збогати туристичката понуда на Крушево и ќе го направи европскиот пат појасен за граѓаните преку зајакнување на видливоста на ИПА фондовите, изјави вицепремиерот Маричиќ, кој е национален ИПА координатор.

Тој повика на целосно искористување на ИПА средствата и уште поинтензивно работење во реализација на ИПА проектите, што покажува дека Република Северна Македонија решително и забрзано чекори на европскиот пат.

Next Post

Османи: Избори ќе има во мај 2024 заедно со претседателските

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk