Во Скопје денеска се одржа протест против руската агресија врз украинскиот народ. Теророт, убивањата, силувањата и пљачкосувањата траат веќе четврти месец.
Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Подароци за варварите, силувачи и убијци на деца“ и „ТероРусија“ и им донесоа „подароци“, тоалетни шолји, детски крвави чевлички и импровизирана крвава секира со натпис „руска демократија“.
Крвавите детски играчки, трицикл, столче-хранилка, обесена крвава играчка на дрво на детското игралиште кое е руска донација – ја симболизираат „играта и животот“ што требаше да ги имаат сите убиени дечиња од почетокот на руската агресија врз Украина, почнувајќи од 24 февруари.
Досега над 280 деца загинаа, а повеќе од 500 се повредени, со трајни повреди, без делови од телата, без екстремитети.
Демонстрантите исто така поставија руско знаме со ликот на ПУТЛЕР ( Путин направен како Хитлер) пред руската амбадада, а до знамето имаше и детски скршен тротинет за сите загинати и ранети дечиња во безмилосната војна која Руската Федерација ја спроведува во Украина.
Здружение На Украинци Во Р.С. Македонија “Лесја Украинка” повторно протестираше против крвавиот руски режим и го повика македонското општество да продолжи да го поддржува украинскиот народ, потсетувајќи на злосторствата кои руските војници ги вршат во Украина и колку невини животи, вклучително и деца, одзедоа Русите.
И. Т. З. / Д. М.