Четири години од историските настани во Нивици и Отешево по повод македонско-грчкото помирување, објави на Фејсбук Марјан Забрчанец, сегашен Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, кој за време на потпишувањето на Преспанскиот договор, како посебен советник за односи со јавност на премиерот Заев, ги координираше или ги надгледуваше јавните комуникации на најважните владини и политички случувања.
„Да живее Преспа, да живее Договорот од Преспа, да живеат македонскиот и грчкиот народ и јазик, да живеат мирот, соработката и добрососедството.“, напиша Забрчанец.







