Новиот Стратешки концепт треба да даде проценка за променетата безбедносна средина, да ги потврди нашите заеднички вредности, цели и задачи и да ја поттикне натамошната трансформација на Алијансата, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.
„На НАТО Самитот ја потврдуваме сплотеноста како сојузници во однос на нашите тековни и идни задачи и ја потврдуваме политиката на отворени врати.
Новиот Стратешки концепт треба да даде проценка за променетата безбедносна средина, да ги потврди нашите заеднички вредности, цели и задачи и да ја поттикне натамошната трансформација на Алијансата“, пишува во објавата.





