Детската градинка во населбата „Пролет“ ќе биде изградена во согласност со сите современи стандарди, а децата од оваа населба ќе добијат современ и квалитетен објект за престој, забава и другарување, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Многу наскоро започнуваме со изградба на новата детска градинка во населбата Пролет, прва по 50 години во Општина Центар и прва градинка во оваа населба.
За таа цел, ќе мора да отстраниме 4 дрва, а други 4 со специјална механизација ќе бидат пресадени. На истото место ќе се засадат нови 20 високо калемени садници од видот Јавор и друго средно и ниско зеленило, со што ќе се добие вкупна зелена површина од околу 2000 м2.
Детската градинка во населбата „Пролет“ ќе биде изградена во согласност со сите современи стандарди, а децата од оваа населба ќе добијат современ и квалитетен објект за престој, забава и другарување“, пишува во објавата.