Премиерите на Црна Гора и Србија, Дритан Абазовиќ и Ана Брнабиќ, изразија подготвеност да свртат нов лист во односите меѓу двете земји и да почнат да ги решаваат сите отворени прашања, пренесува Al Jazeera Balkans.
И Абазовиќ и Брнабиќ очекуваат дека наскоро ќе се реши прашањето за амбасадорите, односно дека двете земји наскоро ќе назначат нови амбасадори бидејќи тие места се празни откако меѓусебно избркаа дипломатски претставници.
Една од главните пораки на средбата е дека не можат веднаш да се решат сите отворени прашања, туку дека постои волја кај двете страни.
Абазовиќ претходно беше свечено пречекан пред Палатата Србија со интонирање на химните на двете земји, а во текот на денот е предвидена и негова средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.




