Чичко Ванчо од Куманово, кој имаше израсток на лицето, денеска си заминува дома, откако израстокот беше успешно отстанет на скопските клиники.
По сторијата на телевизија Телма, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека веќе го контактирале Ванчо и дека ќе направат се за неговиот проблем да исчезне.
Денеска, министерот Филипче на Фејсбук напиша дека приказната на чичко Ванчо доби среќен крај.
– Денеска тој ќе биде пуштен на домашна нега по интервенцијата која му беше изведена вчера на Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија за отстранување на израстокот кој го носел 10 години на своето лице – напиша Филипче.







