ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во тек јавен повик за грантови за поддршка на социјални претпријатија

July 4, 2022 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој –ЦеПроСАРД“ денеска на социјалната платформа ЗООМ го презентираше јавниот повик за доделување на грантови за поддршка на развојот на нови и постојни социјални претпријатија како дел од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе”.

Главна цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на новите и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот „Не оставај никој зад себе”.

– Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи – лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени, посочи проект асистенката Искра Кацарска.

Главните ограничувања во земјата, како што рече, се недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка меѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.

Вкупниот буџет на грантот е 139 илјади евра, а за секој одобрен грант буџетот може да се движи од 12.000 до 17.200 евра. Висината на финансиската поддршка за вработување на лица од ранливите категории изнесува 400 евра месечно во бруто износ, во траење од 10 месеци за 9 лица.

– Целта на повикот е да поддржи ентитети кои делуваат на претприемачки начин, создават иновативни и неконвенционални решенија за тековните општествени предизвици, креираат вредност за општеството, за сите засегнати страни, подвлече менаџерот на проектот Александар Авросиевски.

Како предност ќе се смета доколку се ангажирани лица од ранливите категории. Не може да аплицираат организации кои веќе се корисници на грант од Делегацијата на Европската Унија.

Повикот е отворен од 24 јуни, а краен рок за аплицирање е 25 јули до 16 часот. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 10 август, а склучувањето на договорите ќе биде веднаш по објавувањето на резултатите./МИА/

Next Post

Сончево и многу топло време, попладне нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk