ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: САД се силна поддршка и доверлив партнер на Северна Македонија

July 4, 2022 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, од секогаш сме биле на иста страна, на страната на слободата, демократијата и напредокот. Денот на независноста на САД, 4 Јули, е денот на раѓањето на државниот модел заснован на универзалните вредности на слобода, демократија и просперитет, напиша вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во честитката по повод Денот на независноста на САД.

Притоа, тој на американскиот народ му изразувам благодарност за, како што вели, незаменливата поддршка што САД продолжуваат да ја даваат за напредокот на Северна Македонија, но и што остануваат фокусирани на состојбите на Балканот, преку поддршка на мирот и стабилноста во регионот,
Како вистински пријатели со САД, додава вицепремиерот во објавата на својата фејсбук-страница, во историски моменти на нашата држава работевме и сѐ уште работиме на изградба на сигурна, стабилна и просперитетна иднина на македонските граѓани. Го потврдуваме, нагласува Маричиќ, нашето сојузништво во најмоќниот воен и политички сојуз – НАТО и застануваме еден до друг во време на предизвици.
-Денес кога сме исправени пред нови одлуки за нашата сегашност и иднина, САД се силна поддршка и доверлив партнер на Северна Македонија. Соединетите Американски Држави се клучен партнер на нашата држава од самата независност, тие помагаа во различни области со речиси 1 милијарда американски долари. Вложени се големи напори и ресурси во клучните области на реформите, како што се образованието, правдата, јавната администрација и економијата. Овие реформи се од витално значење за постигнување на стратешките приоритети на Северна Македонија – членство во НАТО, што е веќе постигнато и ЕУ за што надминуваме клучни предизвици, пишува вицепремиерот на ФБ.
Тој очекува оваа континуирана поддршка и помош од САД во следниот период да се унапредува преку новиот Стратешки дијалог. Новата Стратегија за развојна соработка на земјата 2020-2025 е фокусирана на обезбедување поддршка на промовирање просперитетна, добро управувана и безбедна Северна Македонија, посветена на евроатлантската интеграција преку партнерствата на УСАИД./МИА/
Next Post
Принтскрин од видеото

(ВИДЕО) МВР: Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk