Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки по повод Денот на независноста на САД, со искрени желби за просперитет и благосостојба на пријателскиот американски народ.
– Северна Македонија и САД се стратешки партнери и НАТО сојузници кои посветуваат големо значење на развојот на билатералните односи засновани на пријателство и споделени демократски вредности. Остануваме силно посветени на понатамошно продлабочување на нашето сојузништво, особено преку неодамнешниот успешен Стратешки дијалог, со кој се унапреди и надгради соработката меѓу двете земји. Високо ја цениме континуираната поддршка од САД за нашиот евроинтегративен процес и сме особено благодарни за долгогодишниот американски придонес и значајна улога за нашиот демократски развој, долгорочна стабилност и целокупен напредок на нашиот народ и држава, објави Османи на својот фејсбук профил./МИА/







