ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шаќири: На народите во Западен Балкан им треба поголема почит, сплотеност и почит кон различностите

July 5, 2022 16:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На народите кои живеат во Западен Балкан им недостасува повеќе сплотеност и почит кон различностите и помалку насоченост кон екстремен национализам, нетолеранција и омраза, за да бидеме похармонична и поубава средина за живеење, смета министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

На настанот на кој беа претставени досегашните резултати од програмата за училишна размена и вмрежување „Супер училишта“ денеска во Струга, тој посочи дека доколку промените потешко се случуваат кај повозрасните, кај младите сигурно дека ќе успеат да влијаат системски, односно преку правилна поставеност на националните образовни системи и со доволно голема поддршка од граѓанскиот сектор.

– Мораме да ги научиме да бидат насочени кон дијалог, кон градење мир и кон поголем меѓусебно почитување. Да прераснат во луѓе без предрасуди, да соработуваат и да разменуваат искуства верувајќи дека така ќе придонесат за подобар живот во сопствената земја, а со тоа и во регионот, рече Шаќири.

Резултатите од досегашната имплементација, според него, се мотивирачки и очекува во иднина да бидат уште подобри.

– Особено сум горд што и училишта од Северна Македонија зедоа активно учество во иницијативата. Со тоа се потврдува дека и ние како земја имаме младина која покажува подготвеност за учество во креирање на промените кои сите сакаме да ги видиме во Западен Балкан, рече Шаќири.

Повика на истрајност во спроведувањето на оваа иницијатива, како и нејзина поголема промоција и проширување во иднина.

– Да вклучиме што повеќе млади и да градиме регион, кој ќе биде отпорен на политички влијанија чија цел е продлабочување на јазот меѓу народите, додаде Шаќири.

Програмата за училишна размена и вмрежување „Супер училишта“ која ја спроведуваат Регионалната канцеларија за младинска соработка и Германското друштво за меѓународна соработка, има за цел поврзување на средните училишта од земјите во Западен Балкан со цел подобрување на нивните капацитети за спроведување на проекти за градење на меѓукултурен дијалог и регионална соработка.

Во рамки на иницијативата, 30 средни училишта од Северна Македонија, Босна и Херцеговина,

Албанија, Србија, Косово и Црна Гора, оранизирале 60 активности за размена на искуства преку вмрежување на над 800 ученици на возраст од 15 до 17 години. Во активностите биле вклучени и повеќе од 100 наставници, а ќе се спроведува до март 2024 година./МИА/

Next Post

Ковачевски-Мишел: Историска е можноста да се каже да на Европската Унија

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk