ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Нема дополнителни ковид мерки, има доволно капацитети за загрижување пациенти

July 16, 2022 09:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на нови случаи со КОВИД-19 во изминатиот период е зголемен. Вчера беа регистрирани нови 504 случаи од направени 1.385 тестови, но не се евидентирани починати лица. Според Комисијата за заразни болести, државата се наоѓа во зелена зона со доволно капацитети за згрижување на пациентите и не се потребни дополнителни рестриктивни мерки.

На состанокот што Комисијата го одржа вчера, било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19, при што се препорачува двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа.

-Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19. Утврдено е дека Северна Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19. Зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неопходно и во овие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца.

Во моментот, во земјава има 2.490 активни случаи. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 318.138, а  бројот на оздравени пациенти е 306.309.

Во однос на состојбата со КОВИД-19 на Балканот, во Словенија нема референдум за Законот за заразни болести. Поточно, Националното собрание на Словенија го поддржа предлогот за забрана на референдумот за последните измени на Законот за заразни болести, со кои се создава правна рамка за ограничувања во случај на епидемија, откако Уставниот суд ги укина мерките на поранешната власт поради Ковид-19.

Предлогот го поднесоа пратениците од трите владејачки партии, но не го поддржаа сите пратеници од коалицијата, пренесе СТА. Предлогот беше поддржан со 45 гласа „за“ и ниту еден „против“, бидејќи некои пратеници од редовите на владејачките Социјалдемократи (СД) беа воздржани, како и пратениците на опозицијата. Забраната за референдумот е воведена врз основа на клаузула во Уставот во која се вели дека не може да се одржи законодавен референдум за закон со кој се отстранува неуставност.

Next Post

Новинари од Република Северна Македонија и Бугарија ќе се сретнат во Велико Трново на „Викенд на дијалози“

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk