ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Србија и упати нота на Хрватска, откажани службени посети на Загреб

July 17, 2022 15:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи на Србија, поради забраната на српскиот претседател Александар Вучиќ да го посети приватно Јасеновац, испрати нота до хрватската амбасада во Белград, која вршителот на должноста одби да ја прими, јави дописникот на МИА од Белград.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ на вонредна прес-конференција.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната за приватната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на Јасеновац, соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

-Ова е застрашувачка одлука на хрватската влада, а Владата на Србија ќе донесе одлука за контрамерките што ќе бидат воведени, кажа министерот Селаковиќ.

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ ја откажа официјалната посета на Загреб поради забраната на Хрватска на српскиот претседател Александар Вучиќ приватно да го посети Јасеновац.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерката Михајловиќ, таа во вторник во Загреб требаше да се сретне со министерот за економија и одржлив развој на Хрватска, Давор Филиповиќ, каде главна тема на разговор требаше да бидат регионалната соработка и гасната интерконекција.

-Средбата беше организирана со цел да се разговара за тоа како да работиме на зголемување на енергетската безбедност на целиот регион преку конкретни проекти и соработка и заеднички да одговориме на предизвиците на 21 век. Наместо да покажеме почит кон сите жртви и да бараме начини да изградиме заедничка подобра иднина, како што тоа го прави Србија, со ваквите потези само се враќаме во минатото и го спречуваме подобрувањето на односите меѓу двете земји во областите каде што има реална потреба за соработка, се наведува во соопштението на Михајловиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на Инстаграм профилот „будучностсрбијеав“ објави фотографија од споменикот во Јасеновац со коментар „Само вие работите си ја својата работа. Српскиот народ ќе живее и никогаш нема да заборави“.

Споменикот Камен цвет е монументален споменик посветен на сите жртви кои беа убиени од усташите во логорот Јасеновац за време на Втората светска војна.

Како што соопшти на прес-конференцијата министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во врска со оваа состојба Вучиќ утре ќе и се обрати на јавноста.

Next Post
Украински војник до уништен руски тенк во близина на Харкив. Фото: REUTERS/Ricardo Moraes

Британски адмирал тврди дека во војната во Украина се убиени или ранети 50 илјади руски војници

НАЈНОВО

Фото: Герасимовски на ФБ

Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!

October 26, 2025
Фото: МИА

Заврши Макфест: Признание „За животно дело“ за основачот на фестивалот Стојан Троицки

October 26, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Венецуела вели дека ќе ги брани своите брегови од „тајни операции“ на САД

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk