ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вархеји: Опозицијата да докаже дека е посветена на членството на Северна Македонија во ЕУ

July 19, 2022 12:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина се надвам дека од сега, па натаму сите политички партии во земјата, вклучително и опозицијата, ќе работат на европската иднина и нема да започнат со контроверзи и со предизвикување емоции кои нема да ја водат земјата напред и нема да и донесат ништо на добро, порача денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски по одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија во Брисел.

– Опозицијата секогаш тврди дека е посветена да се случи членството на земјата во ЕУ – па ајде да го докажеме тоа, порача Вархеји во одговор на новинарско прашања, околу можните блокади на уставните измени во Собранието.

Тој истакна дека во текот на дебатата по информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка во Собранието биле „надминати некои европски вредности“, но изрази надеж дека по денешната меѓувладина конференција сепак ќе биде свртена нова страница за земјата.

Вархеји нагласи дека постои јасна посветеност не само од Владата, туку и од Собраните за уставните измени, посочувајќи дека во спроведувањето на францускиот предлог свои надлежности има и законодавниот дом и тој треба да се вклучи во носењето на такво решение.

Во врска со истото прашање, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека по зачленувањето во НАТО, земјата сега тргнува кон својата втора стратешка цел – членството во ЕУ, одлука која беше поддржана од мнозинството пратеници во Собранието.

Слушнавме се и сешто во Парламентот, слушнавме недолично изјави од некои политички партии од опозицијата. Меѓутоа, сепак, мнозинството граѓани претставени преку своите пратеници во Собранието ја донесоа одлуката благодарение на која денеска ја одржуваме првата Меѓувладина конференција, истакна Ковачевски, додавајќи дека како резултат на таа одлука попладнево тимот од владини министри предводени од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе го почне процесот на скрининг.

Ковачевски истакна дека одговорност на пратениците од опозицијата е да учествува во дебатата и понатаму, бидејќи во самиот процес на преговори ќе има уште многу чекори по денешниот прв чекор и Собранието ќе има свои обврски во спроведувањето на тие чекори.

– Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на држвата и за иднината на идните генерации. Не смее политичар да мисли само на својот личен рејтинг и на својата политичка кариера. Ние се водевме од иднината на државата, се водевме од одлука која ќе овозможи иднина и просперитет на сите граѓани на државата. Верувам дека сите пратеници во Собранито ќе бидат одговорни и во служба на граѓаните, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека земјава носеше историски одлуки и „во времето на Киро Глигоров, на Никола Кљусев, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Зоран Заев“, поради кои државата одеше напред.

– Заради тие одлуки ние денес сме членка на НАТО. Во виорот на војна што се води Европа, ние сме безбедни, членки на најголемиот одбранбен безбедносен сојуз во светот, додаде Ковачевски.

Според него, со денешнито ден паднаа во вода сите манипуалции, сите шпекулации за иднетитетот и јазикот.

– Одговрност на сите политичари во државата е да го поддржат тој пат. Затоа што тоа е единствениот пат за Република Северна Македонија кон градење поуспешна и попросперитетна иднина, бидејќи друга алтернатива нема, заклучи Ковачевски./МИА/

Next Post

Грковска - Улман: Соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија дава резултати, целта е преку заедничките проекти да овозможиме системски промени

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk