ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку се оди според планот

July 22, 2022 15:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме тешка зима и затоа Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија, најави денеска ресорниот министер Крешник Бектеши и порача дека не очекува да има рестрикции доколку се се одвива според планот.

-Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика и во август да прогласиме кризна состојба во делот на електричната енергија. Таа комисија согласно правилникот и одредбите предвидени и во Законот и во уредбата која е усвоена од страна на Владата предвидува различни мерки, вклучувајќи ги и рестрикциите. Но, ако се одвива се согласно планот и во случај да нема забрана на увоз на електрична енергија, како што сме имале во одредени периоди во минатото од страна на Бугарија, не верувам дека би имало рестрикции во нашата држава, изјави Бектеши.

Сепак нагласи дека ќе ја имаме најтешката зима, а ситуацијата, како што рече, е толку сериозна и непредвидлива и не зависи само од нашата земја и од државите во регионот, туку зависи и од начинот како ќе се одвива војната во Украина.

-Денеска добивме добри вести дека почнало да има снабдување со природен гас. Правиме напори да имаме алтернативи на снабдување со природен гас и во случај ако има целосна забрана, тогаш треба да користиме алтернативен енергенс со цел да работат топланите и индустриските капацитети, а и индустријата и домаќинствата да не останат без снабдување со електрична енергија, рече Бектеши.

За таа намена, посочи, веќе се набавува мазут, кој е единственото гориво на кое веднаш може да се префрлат топланите и индустриските капацитети и истакна дека во солунското пристаниште е стигнат брод со мазут за потребите на земјава.

-Во делот на алтернативите согласно Законот е предвиден да има друг енергенс освен природниот гас. Но имајќи ја во предвид технологијата што го имаат нашите капацитети, и топланите, и електраните тие ако треба да се префрлат од природен гас може да одат само на мазут. И тоа е реалноста во нашата држава бидејќи такви капацитети имаме, рече Бектеши.

Правиме напори, додаде, да обезбедиме природен гас од друг извор, освен од Газпром но тоа зависи  од ослободувањето на капацитетите во Бугарија и договорот што го има Булгар трансгас со Газпром за закупување на сите капацитети до 2030 година.

-Ако тие капацитети се ослободат од страна на Булгар трансгас ние сме подготвени да се снабдуваме со природен гас од други извори, вклучувајќи ги Азербејџан, но и енерџи терминалите, било тоа во Грција, било тоа во Турција, истакна Бектеши.

Порача дека моменталната цена на електричната енергија на берзата ХУПЕКС е околу 420 евра за мегават час или речиси 10 пати поголема во споредба со цената од 48 евра за мегават час што ја нуди ЕСМ за домаќинствата и нагласи дека се очекува оти зимава ќе биде и околу 500 евра за мегават час.

Рече дека се прават напори ЕСМ да ги обезбеди сите потреби на домаќинствата и на 67-те илјади микро и мали компании кои се на регулираниот пазар.

-И малите и микро компаниите на некој начин се субвенционирани од државата и за нив цената на електричната енергија се движи од 205 до 210 евра за мегават час што е двојно пониско од пазарната. Само 4.500 компании се на слободниот пазар од кои повеќето имаат договори за набавка на електрична енергија со пониски цени од пазарната. Сепак ќе се сретнам со Стопанската комора за да видиме што може да се направи за да им помогнеме, рече Бектеши.

Прецизираше дека Третиот блок на РЕК Битола ќе биде ставен во функција на 1 октомври наместо на 15 ноември како што првично било планирано и оти за тоа се направени сите подготовки. РЕК Осломеј денеска ќе биде исклучен од системот за да се направат потребните ремонти и од септември да биде во функција, а следната недела ќе биде ставена во функција и една постројка во ТЕЦ Неготино. Доколку се договорат со стопанските комори ќе се активира и втората постројка во ТЕЦ Неготино од околу 90 мегавати која ќе работи само за потребите на индустријата. Зголемен е, како што кажа, и ископот на домашните капацитети за јаглен, а потпишани се и договори за континуирано снабдување со јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј со фирми од Грција и Албанија. Се очекува тоа да се направи и со фирма од Косово. Капацитетот на акумулациите е на ниво од 50 отсто што е за 20 отсто повисоко од лани, а хидро потенцијалите од почетокот на годинава се користат само за балансирање на системот и системски усогласувања, но не и за производство на електрична енергија. Се планира тоа  да се прави до ноември со цел да се зачуваат капацитетите за зимата.

Министерот информираше дека од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во текот на вчерашниот ден се обезбедени 100 милиони евра за ликвидноста на АД ЕСМ за да може во текот на годината да има средства да купува електрична енергија доколку има недостиг и да купува јаглен и мазут за домашните капацитети за производство на електрична енергија./МИА/

Next Post

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk