ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

July 22, 2022 15:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства, кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за обработка на житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството овој оглас наменски го распиша, како дел од Планот за производство на храна, со цел обезбедување на нови површини за обработка на житни култури и обезбедиме поголем принос. Вкупно на располагање со јавниот оглас беа ставени 5.722 хекатри земјоделско земјиште над 3 хектари распоредено во 14 региони низ државата. Поставената цел е исполнета преку рекордниот интерес кај земјоделците за овој јавен оглас, со склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште.

„Главното прашање кое денес го мачи целиот свет е како да се стабилизира домашното производство и да се обезбеди доволно храна. Ова е предизик пред кои сите земји се исправени како последица од војната во Украина“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Навремено министерството реагираше и во консултација со земјоделците го подготви и донесе Национален план за производство на храна, како и Интервентен фонд кој во себе содржи многу мерки за поддршка на секој еден земјоделец.

„Даваме поддршка во набавка на вешачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 дена по аплицирањето. До сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци кои аплицирале за поддршка при набавка на вештачко губриво. Со Националниот план обезбедивме и дополнителна мотивирачка мерка од 100 евра по хектар за зголемен принос на површини засеани со житни култури. Важи без ограничување од 1 хектар па нагоре за површини под житни култури“ истакна министерот Николовски во своето обраќање.

Во борбата да обезбедиме доволно храна за сите потребна ни е и вашата помош потенцираше министерот Љупчо Николовски во своето обраќање пред присутните земјоделски стопанства.

„Од вас барам, и на тоа како министерство ќе инситираме цело време, произведените житни култури најпрво да ги дадате во домашни преработувачки капацитети. Така е чесно и договорно кон сите граѓани, бидејќи мерките кои ги даваме до секој земјоделец се од парите на сите граѓани. Со ребалансот на буџетот кој веќе Собранието го излгаса подготвивме земјоделски вреден 3,2 милијарди денари, кој дава директна поддршка на повеќе од 45.000 земјоделци. Земјоделски буџет со кои расчистуваме со сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето“, истакна министерот Николовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминативе месеци преку седум распишани јавни огласи на располагање ставивме вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над 3 хекатри земјоделско земјиште. Секоја педа обработливо земјиште се става на располагање на земјоделците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Џафери: За одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот доверен од граѓаните

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk