ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ – Кравињо: Важно е Северна Македонија цврсто да чекори на европскиот пат, предизвиците да ги решаваме со партнерите од ЕУ

July 26, 2022 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Португалија е земја која апсолутно и недвосмислено нè поддржува на европскиот пат, уште од самиот почеток. Пред нас се многу предизвици, безбедносна, енергетска и економска, но и секоја друга криза што сега имаме можност заедно да ја решаваме со нашите партнери во Унијата. Затоа е важно Северна Македонија цврсто да чекори на европскиот пат, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со шефот на португалската дипломатија Жоао Гомес Кравињо, кој е во посета на земјава.

Маричиќ и Кравињо разговараа за отворањето на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и предизвиците кои ја очекуваат земјава во претстојниот период.

Како што соопшти СЕП, соговорниците имаат исти став дека на 19 јули се случи историски исчекор во нашиот евроинтеграциски процес, со одржувањето на првата Меѓувладина конференција и отпочнувањето на скрининг процесот, што е од големо значење и за ЕУ и за регионот.

– Во наредниот период остануваме посветени на одржување на позитивното портфолио – како што е потврдено во најновите извештаи на ЕК за земјите, но и во меѓународни рангирања како што се ГРЕКО, Фридом Хаус, Транспаренси интернешнел и други, рече Маричиќ, додавајќи дека нивото на транспонирање на правото на ЕУ сега изнесува 45 проценти.

– Нашите напори за обезбедување непречено одвивање на преговарачкиот процес во сите негови аспекти ќе ги насочиме преку ревизија на преговарачката структура, изнаоѓање модел за учество на граѓанското општество во процесот, дополнително ќе ги зголемиме нашите капацитети за преведување на правото на ЕУ на македонски јазик во наредниот период – вклучително и лингвистичка, стручна и правна ревизија и верификација на преведените акти на ЕУ, а предвидено е и создавање механизми за транспарентна и навремена комуникација со нашите граѓани, истакна Маричиќ.

На состанокот Маричиќ и Кравињо разговараа за унапредување и продлабочување на билатералната соработка во пристапниот процес, споделување искуства и добри практики од страна на Португалија во процесот на водење преговори и беше потврдено дека Португалија останува силен поддржувач за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.

Ова е прва официјална посета на земјава на министерот за надоворешни работи на Португалија Жоао Гомес Кравињо, во чии рамки оствари средби и со неговиот хомолог, Османи, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Next Post

Пендаровски-Кравињо: Отворањето преговори со Скопје и Тирана од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk