ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Украинската претстава „Кротењето на опаката“ на фестивалот „Охридско лето“

July 26, 2022 16:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската претстава „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир во изведба на Кијивскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“, во режија на Викторија Шевченко, ќе биде изведена на први август во предворјето на Св. Софија во Охрид во рамките на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Кијивскиот академски регионален музички и драмски театар именуван по П.К. Саксагански е најголемиот и најстар театар во регионот на Кијив. Основан е во 1934 година. И покрај академското име, Академскиот театар за музика и драма е многу иновативен. Денес Кијивскиот академски регионален музички и драмски театар сè уште продолжува пријатно да изненадува со маестрални изведби. Репертоарот на театарот вклучува многу изведби на дела од странски и домашни класици (Шекспир, Оскар Вајлд, М. Кулиш, И. Франко итн.) како и различни дела од современи писатели и композитори. Репертоарот вклучува околу 75 изведби и концерти. Еден од најпопуларните проекти е претставата „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир во продукција на талентираната и млада режисерка Викторија Шевченко. Режисерката додаде нови бои и слики на сцената, со кои блесна поемоционално и пошироко. Светлите костими и извонредната театарска шминка прецизно го пренесуваат карактерот на целата продукција.

Дејството се одвива  околу Кетрин (Кејт), ќерката на Баптиста и нејзината сестра – Бјанка. Кетрин нема додворувачи затоа што не е конвенционално привлечна, туку посериозна, таа е озлогласено итра и изгледа дека ги мрази мажите. Така на кој било маж тешко му е да се справи со неа. Бјанка е слатка, природна и убава, но не може да се омажи пред постарата сестра да го стори тоа. Петручио е господин од Верона кој се согласува да се ожени за Кетрин поради нејзиното големо богатство.  Дејството во претставата  се одвива токму кон напорите за нејзиното скротување. Оваа претстава е една од најпопуларните низ целиот свет. Во голема мера поради темите кои се однесуваат на скротувањето на опакоста (брак, обврски, идентитет, семејство), и со тоа претставата доживеа голема популарност низ годините, иако е тешко да се следи точната историја на нејзината изведба.

Викторија Шевченко е родена на 27 април 1992 година. Таа е украинска театарска режисерка и кураторка. По студирањето на Кијивскиот национален универзитет „ И.К. Карпенко – Кари“ за театар кинематографија и телевизија, ја започнала театарската кариера. Во 2013 година, Викторија Шевченко ја организира и менаџира драмската претстава „Не допуштајте му да љуби две одеднаш…“ според претставата на М.Старицки, „О, не оди, Грица“ како нејзин дипломски проект. Оваа претстава се здобила со признанија и била изведувана неколку години на различни сцени. Во тој период  ја гледале бројни интелектуалци и активисти. Во 2016 година Шевченко започнала да работи како уметнички директор на Кијивската палата за деца и млади. Во 2018 година, започнува со работа во Кијивскиот регионален театар за музика и драма именуван по П.К. Саксагански, како режисерка. Во 2019 година, Викторија ја постави драмската претстава „Кротењето на опаката“ од В. Шекспир. Од 2020 година работи како режисерка во „Украинскиот академски музички и драмски театар  М.Кропивницки“. Меѓу нејзините позначајни дела покрај горенаведените се: „Ромео и Јулија“, „Алиса во земјата на чудата“, „Тие“, според претставата на М.Стефаник, „Наталка Полтавка“ според делото на Иван Котлиаревски, „Вујко Вања“ според  Антон П. Чехов.

Богатата театарска програма, според селекторката на драмскиот дел на Фестивалот, Арсовска, ја предводат Њујоршката Ла Мама со копродукциската „Балкан Бордело“, Белградските „Војна и мир“ и Вујко Вања“, Украинската „Кротењето на опаката“ како и шест исклучителни домашни претстави. Публиката ќе има можност да погледне десет театарски остварувања, шест домашни и четири странски.

Ј. Ѓ.

Next Post

ССК се вклучува во креирање решенија за имплементацијата на договорите од „Отворен Балкан“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk