ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска од Полска: Социјалното претприемништво води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работни места

July 28, 2022 10:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска  во рамки на престојот на Република Полска, го посети социјалното претпријатие АРКА, кое претставува успешен модел  за создавање  интегрирани социјални услуги  за грижа на старите лица и каде на едно место се обезбедува дневен престој, услугата за одмена на семејна грижа  и вон-семејна социјална заштита, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска ја придружуваа сенаторот Либицки, член на Парламентот на Полска, градоначалникот на Пниеви, Пжевоењи, директорката на АРКА, Зимна и претставници на центри за социјална работа.

Социјалното претпријатие АРКА, кое е лоцирано во прекрасно природно опкружување, згрижува 30 тина стари лица. Дел се со постојано домување, а дел на привремено и дневно згрижување согласно потребите на нивните семејства. Своите услуги, согласно категоријата на корисници, ги наплаќаат од семејствата или преку дотации од државата.  Општината помогнала со отстапување на напуштена зграда од транзицискиот период која соодветно е адаптирана.

Од големо значење е и фактот дека 50 отсто од вработените на АРКА доаѓаат од ранливите категории од заедницата, што  потврдува дека социјалното претприемништво како процес води до повеќекратни социјални решенија и отворање на работи места.

Министерката Трнчевска истакна дека стареењето на населението ширум светот вклучително и во Северна Македонија константно ја зголемува побарувачката на давателите на услуги за домување и згрижување на стари лица, што претставува општествен предизвик за да се поттикнуваат и иницираат  позитивни социјални промени за заштита и грижа за старото население.

„Искуството на Полска е добар пример за инспирација и поттик за создавање на вакви социјални претпријатија каде ќе се обезбедува грижа и нега на старите лица на локално лица се обезбедува со ре- инвестирање  на профитот заради социјалната мисија,“ потенцираше Тренчевска.

Next Post

Ангелов: Пожарот на Криволак целосно изгаснат, има уште неколку жаришта во општина Василево

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk