ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грковска: Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин

July 28, 2022 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска организираше состанок на Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план, на кој присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за правда Никола Тупанчески, информираат владините служби.

На состанокот се разговараше за предлог моделите за мотивираност на надлежните институции од продажбата на конфискуваниот имот, со цел да се дојде до најдоброто решение, кое ќе обезбеди ефикасност на постапките за продажба на конфискуваниот имот од кривични постапки.

Вицепремиерката Грковска го повтори ставот на меѓународните организации дека Република Северна Македонија е прва држава во регионот која има Стратегија за за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021-2023 со акциски план и Национална комисија која активно работи на нејзината имплементација.

„Прашањето околу продажбата на конфискуваниот имот е сериозно и затоа сметам дека е добро да имаме ваков координиран пристап, во кој ќе бидат вклучени сите надлежни институции. Средствата од продажбата на конфискуваниот имот мора да се искористат на одговорен и транспарентен начин. Целта е да дојдеме до применливо, издржано и системско решение кое ќе даде резултати, а се во интерес на граѓаните“, оцени Грковска.

Министерот за финансии Бесими ја поздрави оваа иницијатива и нагласи дека за постигнување на целта мора да имаме системски пристап, добра комуникација и координација меѓу надлежните институции, јасна и прецизна законска регулатива, како и соодветни човечки капацитети. Тој најави дека Министерството за финансии ќе ги разгледа понудените модели и ќе оцени кој модел е најприфатлив.

Министерот за правда Тупанчески нагласи дека треба да ги имаме предвид и најдобрите светски искуства и практики и додаде дека моделите начелно се прифатливи, но мора внимателно да се избере конечното решение.

На денешниот состанок беше утврдена динамика на идни активности поврзани со целите од Акцискиот план на Стратегијата.

Next Post

Петков: Бугарската Влада во оставка договори седум танкери со течен гас

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk