ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: неколку партии се финансираат од Москва, од соседството ни доаѓаат руски агенти

July 28, 2022 23:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“, коментирајќи ја изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој деновиве оцени дека расположението на македонскиот народ е спротивно од евроатланскиот курс на политичката елита, рече дека се работи за провокативни изјави кои, според него, се дел од политичка пропаганда.

Сите државни институции знаат дека Русија се меша во нашите внатрешни работи. Последен пат со интензивно учество преку свои луѓе, свои политички субјекти, свои инсталации. Од соседството доаѓаат луѓе што се руски агенти, односно луѓе на руската служба. Не можам јавно да обелоденам од каде точно доаѓаат, зашто тоа се сензитивни информации, меѓутоа Русите и преку тие, модерно речени хибридни закани, преку политичката пропаганда прават обиди за влијание, оценува Пендаровски.

Тој открива дека постојат сознанија кај надлежните органи за луѓе што доаѓале за да направат провокација на неодамнешни граѓански протести, но и за финансирање на „некои политички субјекти“.

Притоа, Пендаровски не открива за кои субјекти се работи, но посочува дека тоа се „неколку субјекти во директна корелација со Москва неколку години наназад“.

Сѐ додека тоа е политички артикулирано во институциите, тоа е во ред и тоа е демократски. Но, морам да кажам дека навистина чудно е тоа што неколку дена по руската инвазија во Украина, Левица го повика рускиот амбасадор во Собрание и го одликува за неговиот придонес во билатералните односи, што е без преседан. Во ниеден европски парламент не се случило тоа, наведува Пендаровски во интервјуто за „Фокус“.

Во однос на руската воена интервенција во Украина, шефот на државата вели дека никој нема проценка кога таа војна би завршила, но додава, сите проценки упатуваат дека конфликтот ќе трае, што, предупредува тој, ќе предизвика верижни реакции во светот во многу области.

Next Post

Зверев не губи надеж дека идниот месец ќе може да настапи на ЈуЕс Опен

НАЈНОВО

Герапетритис: Средба Мицотакис – Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН

September 2, 2025

Два активни пожара во земјава, 13 изгаснати за 24 часа

September 2, 2025

Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најочекуваните 12 ТВ серии што треба да ги гледате во септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk