ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски и Азески на „Табановце“ во контрола на протокот на стоки во рамки на „Отворен Балкан“

July 29, 2022 09:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамките на проектот на Стопанската комора за следење на протокот на стоки на овој граничен, што започна на 1 јули а ќе трае до 31 август оваа година.

Како што се наведува во соопштението Комората, како дел од активностите во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ за подобрување на условите за работа на компаниите во регионот и за олеснување на увозот и на извозот на стоки, како и на слободното движење на трудот и на капиталот, со свои вработени е директно присутна на најфреквентниот граничен премин во нашата држава, на којшто само во јуни и во јули во двата правци границата ја поминале вкупно околу еден милион патници.

Во текот на јули вработените во Комората на „Табановце“, како што наведуваат од Комората констатираа: секој ден просечно по 40-ина камиони чекаат на преминот; за товарни возила во функција е само една лента; во екот на летната сезона и лентата за „Отворен Балкан“ е во функција за патничките возила, а камионите се оставени да чекаат; секојдневните прекини во напојувањето со електрична енергија, без можност за автоматско вклучување на агрегатите, ги блокираат системите и дека на граничниот премин во колоната нема услови за одвојување на полните од празните камиони кои непотребно се задржуваат.

На средбата освен претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе присуствуваат и директорите на Царинската управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Славица Кутиров и Николче Бабовски.

Од Комората најавуваат дека Азески и министерот Спасовски, по завршувањето на активностите на „Табановце“, ќе реализираат уште една средба, на која ќе се согледаат можностите за поедноставување на сложената процедура за регулирање на престојот и на работата за странците во Република Северна Македонија. Средбата ќе се случи по констатираните проблеми од компаниите членки во Советот на странски инвеститори во изминатиот период, како и по проблемите поврзани со регулирањето на престојот на странските државјани од определени земји, кои не можат да го регулираат својот престој поради административни пречки, чии причини не се познати, а инвеститорите имаат потреба од нив поради инвестиции, сервисирање опрема и слично.

Next Post

Бијонсе го објави албумот „Renaissance“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk