ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На денешен ден – Отворена првата градинка во Скопје

1945.- Во Скопје била отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им биле обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители биле на работа.

January 28, 2020 09:13
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

28 јануари 2020 (МИА)

814.- Умрел францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година до смртта во 814 година, ја прекроил картата на Европа и ја проширил француската држава од Севено Море до Италија и од Атлантикот до Чешка. Папата Лав III во 800 година го крунисал за римски цар. Тоа бил чин со трајни последици за историјата на Европа.

1457.- Роден е англискиот крал Хенри VII, татко не Хенри VIII и основач на династијата Тјудор. Со неговото доаѓање на престолот во 1485 година е ставен крај на 40-годишната „Војна меѓу двете ружи“. Војната е наречена така бидејќи династијата Ланкастер, со која Хенри VII бил во сродство, на грбот имала црвена, а династијата Јорк бела ружа. Престолот успеа да го осигура со победата во битката кај Босворт во 1485 година, во која загина кралот Ричарт III. Во 1486 година Хенри VII со стапувањето во брак со сестрата на Ричард III – Елизабета – ги обедини куќите на Ланкастер и Јорк.

1547.- Умрел англискиот крал Хенри VIII, кој со раскинувањето со римокатоличката црква изврши црковна реформа. Притоа, во 1534 година Англиканската црква ја прогласил за независна од Ватикан, со кралот како врховен верски поглавар. Се женел шест пати бидејќи немал син наследник, а со Рим раскинал кога не добил дозвола да се разведе од Катарина Арагонска за да се ожени со Ана Болен. Ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно изградил силна флота која станала темел на подоцна силната англиска поморска моќ.

1596.- Умрел англискиот гусар и адмирал Френсис Дрејк, прв Англичанец кој од 1577 до 1580 година го препловил светот. Одиграл една од клучните улоги во победата на британската воена морнарица во 1588 година над шпанската „Непобедива армада“. Се мисли дека тој во 1586 година прв го донесол компирот од Америка во Европа.

1689.- Англискиот парламент го објавил повлекувањето на кралот Џемјс  II, последниот од династијата Стјуарт, поради наметнување на римокатолицизмот.

1871.- Франција капитулирала во војната со Прусија и го предала Париз.

1878.- Во Њу Хевн, САД, пуштена била во употреба првата телефонска централа, две години подоцна откако Александар Грејем Бел го патентирал телефонот.

1884.- Роден е швајцарскиот физичар и истражувач на морските длабочини Огист Пикар, професор на Универзитетот во Брисел. Ги проучувал радиоактивноста, атмосферскиот електрицитет и вселенските зраци. Во 1931 година станал првиот човек кој стигнал во стратосферата – со балон до 15.780 метри, а во 1934 година дури и до 17.550 метри. Од 1938 година се спуштил 48 пати во океанската длабочина и до 4.000 метри.

1887.- Во Лоѓ, Полска, е роден Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. Познат бил по тоа што сакал да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Првпат седнал да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имал прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години станал познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено бил познат како хуманист. Јавно настапувал до 1976 година. Умрел во Женева, на 20 декември 1982 година.

1898.- Во Велес е роден Кирил Ќамилов, еден од македонските учесници во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Умрел во Скопје, на 8 септември 1976 година.

1906.- Роден е грчкиот партизански водач Вафијадис Маркос, командант на таканаречената Демократска армија на Грција (ДАГ) во граѓанската војна од 1946 до 1949 година.

1912.- Роден е американскиот сликар Џексон Полок, најистакнат претставник на апстрактниот експресионизам.

1928.- Умрел шпанскиот писател и политичар Винсенте Бласко Ибањес. Светската слава му ја донесол романот „Четири јавачи на апокалипсата“. Во 1923 година кога во Шпанија била заведена диктатурата тој ја објавил брошурата „Разобличениот Алфонсо XIII“ која одиграла важна улога во уривањето на монархијата. Во младоста го основал влијателниот весник „Ел Пуебло“. Останати дела: романите „Меѓу портокалите“, „Крв и арена“, „Хорда“, „Мртвите заповедуваат“, „Катедрала“, „Подрум“, „Колумбо“.

1930.- Во Шпанија била окончана диктатурата на Мигел Прима де Ривере.

1935.- Исланд станал првата земја во која е легализиран абортусот од медицински или социјални причини.

1939.- Умрел ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс, добитник на Нобеловата награда за литература во 1923 година. Дела: поезија – „Оисиновите скитања“, „Ветер во трска“, „Остров на езерото Инисфри“, драми –  „Грофицата Кетлин“, „Мачка и месечина“, есеи –  „Келтски изгрев“, „Автобиографија“.

1945.- Во Скопје била отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им биле обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители биле на работа.

1950.- Француското собрание ја ратификувало спогодбата со која Виетнам, Лаос и Камбоџа станале независни држави во рамките на Француската унија. Дотогаш тие земји биле составен дел на Француска Индокина со статус на колонија.

1986.- Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодирал над Кејп Канаверал и во парчиња се урнал во водите на Атлантикот. Тоа била најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинале сите седум членови на екипажот.

1996.- Во Париз умрел Борне Хогарт, илустраторот на „Тарзан“. Роден бил во Чикаго, на 25 декември 1911 година.

2004.- Во Скопје умрел Алаетин Тахир, писател, литературен критичар, есеист и новинар од турската националност во Македонија. Автор бил на книгите „Апартман 18“ и „Портрет“.

2006.- Во полскиот град Катовице поради тежината од големиот снег паднал покривот на саемската зграда во моментот кога во објектот се наоѓале околу 700 луѓе. Загинале 64 лица, а биле повредени 160.

2008.- Умрел поглаварот на Грчката црква, архиепископот атински Христодулос. За атински архиепископ бил избран во 1998 година, како најмлад архиепископ за последните 157 години. Работејќи на подобрувањето на односите со Ватикан, во 2001 година во Атина го примил тогашниот папа Јован Павле Втори, прв римски поглавар што ја посетил Грција во последните илјада години.

2013.- Починал кениецот Самсон Кимобва, првиот Африканец кој бил светски рекордер на 10.000 метри. Го соборил светскиот рекорд во Хелсинки во 1977 година. Кимобва бил професор по математика и физика.

Next Post

Водата во Скопје безбедна за пиење

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk