ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расте стоковната размена со странство, извозот во првото полугодие пораснал за 20,3 отсто

August 5, 2022 15:45
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252.736.573 денари и бележи пораст од 20,3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368.519.565 денари што е за 28,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 115.782.992 денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-јуни 2022, изнесува 68,6 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јуни 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4.097.486 евра, и бележи пораст од 20,2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.974.699 евра што е за 28,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 1.877.213 евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4.476.298 американски долари и бележи пораст од 9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.529.750 американски долари што е за 16,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 2.053.452 американски долари. /META/

Next Post

Почина актерот Митко Апостоловски

НАЈНОВО

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

October 30, 2025
Фото: Фејсбук профил на Билјана Ивановска

Билјана Ивановска ги демантира манипулациите дека дава поддршка за ЗНАМ: „Не повикувам гласачи и не правам пазар со партии“

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk