ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Зеленски: Колку повеќе загуби имаат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја

August 11, 2022 12:10
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку имате некои важни информации за непријателот, ве молиме пријавете ги на безбеден начин до нашите разузнавачки служби, нашата војска. Ако знаете за оние кои им помагаат на окупаторите или оправдуваат агресија, ве молиме пријавете го и ова, истакна во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски.

„На крајот од овој тежок 168-ми ден од нашата одбрана треба да се кажат неколку работи.

Прво. Вооружените Сили на Украина, нашето разузнавање и нашите агенции за спроведување на законот нема да го остават без одговор денешното руско гранатирање на Днипропетровската област. 13 лица загинаа како резултат на нападот од окупаторите врз Марганец. Уште над десет се повредени, пет се во тешка состојба.

Руските војници вршеа напади од „Град“. Оваа повторна манифестација на рускиот терор, како и нападите врз Миколајив и Харкив, уште еднаш докажуваат дека е неопходно да се зголеми воената помош за Украина. Колку помоќно ќе биде нашето оружје и колку е поголем опсегот на нивната употреба, толку побрзо ќе заврши оваа сурова војна.

И тоа е втората работа што сакав да ја кажам денес. Ова е прашање што ги загрижува апсолутно сите: кога ќе заврши војната? Некој вели – повеќе месеци, некој вели – година, некој уште повеќе. Но, прашањето за времето всушност директно зависи од прашањето за загубите што Русија ќе ги претрпи. Колку повеќе загуби имаат окупаторите, толку побрзо ќе можеме да ја ослободиме нашата земја и да ја гарантираме безбедноста на Украина. За ова треба да размислуваат сите што ја бранат нашата држава и ѝ помагаат на Украина: како да се нанесат најголеми можни загуби на окупаторите за да биде пократко времето на војната.

Ако речиси 43.000 загинати руски војници не го убедуваат руското раководство дека треба да се најде излез од војната, тогаш потребни се повеќе борби, потребни се повеќе резултати за да се убедат.

Во само еден изминат ден, окупаторите загубија десет борбени авиони: девет на Крим и уште еден во правец на Запорижја. Окупаторите имаат и нови загуби на оклопни возила, магацини со муниција, логистички рути…

Утре во Копенхаген почнува конференција на ниво на министри за одбрана на државите партнери на Украина. Ќе се разговара за натамошна поддршка на нашата држава во оваа војна, вклучително и со оружје. Благодарен сум им на сите наши партнери кои разбираат дека само со обезбедување пораз на Русија на бојното поле, само со руски загуби – воени, политички, економски – може да се доближи враќањето на безбедноста за Украина и цела Европа. Колку повеќе оружје добива Украина, колку повеќе воено-техничка и финансиска поддршка, толку побрзо нашиот народ и сите Европејци ќе можат повторно да доживеат мир и стабилност во животот.

И третата работа. Сакам да им кажам токму сега на жителите на привремено окупираната територија. Што и да ветуваат окупаторите, единствената опција им е да избегаат. Најдобра опција. Ако стигнат.

Ја протеравме руската војска од северните региони. Ние ги избркавме напаѓачите од нашиот Змијниј. Тие веќе чувствуваат дека е дојдено време да бегаат од Херсон и воопшто од југот на нашата земја. Ќе дојде време кога ќе бегаат од Харкивската област, од Донбас, од Крим… И секој што може да помогне, мора да помогне.

Доколку имате некои важни информации за непријателот, ве молиме пријавете ги на безбеден начин до нашите разузнавачки служби, нашата војска. Ако знаете за оние кои им помагаат на окупаторите или оправдуваат агресија, ве молиме пријавете го и ова.

Погрижете се да им помогнете на нашите луѓе на окупираната територија кои се оставени сами или без комуникација. Разговарајте со нив, поддржете ги, раскажете им за нашата борба и за можностите за евакуација на слободна територија. Напаѓачите го користат нашиот народ за да ги прикријат своите напади како жив штит. Украина ќе врати се што е нејзино и мора да спаси што е можно повеќе животи.

Денес одржав неколку важни состаноци, особено во врска со програмата за брзо обновување на ослободените територии.

Продолжувам да создавам нови врски на највисоко ниво со африканските земји – денес разговарав со Претседателот на Република Гана. Вчера – со Претседателот на Демократска Република Конго. Безбедноста на храната, соработката во меѓународните организации, економските врски се низа прашања од кои корист имаат и нашата држава и африканските земји.

Вечерта тој потпишав уште еден указ со кој ги наградив нашите бранители. На 244 борци им беа доделени државни награди, од кои 21 постхумно.

Украинците секогаш треба да паметат дека секој чекор на нашата армија во оваа војна беше направен во сурови и тешки битки. Окупаторите од 24 февруари ништо не заробиле без отпорот на нашите херои и ништо нема да можат да сочуваат. Ќе ослободиме се.“

Next Post
Руска воена единица Вагнер. Фото: East2west News/Willwest News/Profimedia

Протекоа пораки: Путин регрутира и воени затвореници - „Ќе земаат и убијци, им се нуди амнестија и пари“

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk