Од Министерството за правда соопштуваат дека до нив не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружение ,,Цар Борис Трети”.
„Ве информираме дека до Министерството за правда не е доставено барање за добивање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети“, соопштуваат од Министерството за правда.
Неколку медиуми објавија дека во Охрид е регистрирано здружение ,,Цар Борис Трети”. Реагираа и Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија