ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Целосно производство на „e.GO“: Повеќе не сме земја на евтина работна сила, по само 18 месеци имаме втората инвестиција над 100 милиони евра

August 13, 2022 15:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со потпишување Договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“ и со поставување камен темелник во ТИРЗ Тетово, денеска е означен почетокот на новата инвестиција која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Вакво целосно производство на електрични автомобили се реализира прв пат во Република Северна Македонија.

Станува збор за фабрика која е предиведено да се гради на 60 илјади метри квадратни, во која треба да има скоро 900 работни места и инвестиција од 130 милиони евра.

По само 18 месеци ја имаме втората инвестиција над 100 милиони евра. Покажавме дека Северна Македонија повеќе не е земја на евтина работна сила туку на мапата земји кои имаат капацитет и услови за големи инвестиции. Само од почетокот на годинава имаме постигнато договори за инвестиции со обем од 370 милиони евра. Со вакво темпо очекувам до крајот на годинава да ја достигнеме границата од половина милијарда, истакна директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање на настанот.

Али Везваеи, претседавач на бордот на компанијата e.GO  во своето обраќање рече дека овој договор е уште една клучна цел во стратегијата за глобален раст на e.GO

Ја нагласува внатрешната вредност на нашата иновативна технологија и пристап. Навистина сме возбудени што ќе го прошириме нашиот производствен отпечаток во Република Северна Македонија, следејќи го нашиот напредок во Бугарија претходно оваа година. Нашиот стратешки фокус во Југоисточна Европа се заснова на нашето верување во конкурентниот екосистем на регионот, атрактивна инвестициска клима и пристап до поттикнат и талентиран човечки капитал, истакна Везваеи.

Министерот за финансии порача дека ваквите глемите инвестиции имаат ефект на снежна топка.

Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции, како странски, така и домашни. Тие креираат нова вредност, го јакнат извозот преку промената на неговата структура кон производи со поголема додадена вредност, креираат нови работни места и влијаат кон забрзување на економската активност и економскиот развој. Нашата определба како Влада е да ги поддржиме и промовираме странските инвеститори кои ќе можат да го обезбедат овој ефект и кои пред сè ќе донесат придобивки за нашите граѓани, домашните фирми и економијата, порача во своето обраќање министерот Бесими.

На настанот се обрати и министерот за економија Крешник Бектеши, кој говореше за придобивките од инвестицијата која се очекува да донесе нови технологии и знаења од автомобилската индустрија кои ќе бидат значајни за развој на индустриското производство. 

Next Post

Потресна приказна за тројцата кумови од Цетиње: Едниот го загуби целото семејство, другиот животот, а третиот му пресуди на злосторникот

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk