ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски: Руските сили мора веднаш да се повлечат од територијата на АЕЦ Запорожје без никакви услови (ВИДЕО)

August 16, 2022 13:02
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Русија не престанува со своите уцени во и околу нуклеарната централа Запорожје. Продолжува провокативното гранатирање на територијата на АЕЦ. Под покритие на станицата, окупаторите ги гранатираат околните градови и заедници. Руската војска крие муниција и опрема токму на објектите на станицата. Де факто станицата е минирана“, вели во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој истакнува дека сето ова јасно покажува дека Русија ги отфрла безбедносните барања на земјите од Европската унија и 15 други земји – вкупно 42 – кои ја повикаа Русија да ги повлече своите сили од станицата. Конкретно, тоа се Турција, Грузија, Велика Британија, Кореја, Јапонија, Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави.

„Ако една терористичка држава си дозволи целосно да ги игнорира барањата на меѓународната заедница, а уште повеќе во ваква чувствителна тема, тоа јасно укажува на потребата од итна акција.

Секој инцидент со радијација во АЕЦ Запорожје може да биде удар за земјите од Европската унија и за Турција и за Грузија и за земјите од подалечните региони. Сè зависи само од насоката и силата на ветрот. Ако постапките на Русија доведат до катастрофа, последиците може да ги погодат оние кои засега молчат.

Ова прашање е веќе изведено на највисоко меѓународно ниво – ОН и МААЕ. Се разбира, меѓу државите се разговара и за руската нуклеарна уцена. Соодветна изјава има и од министрите за надворешни работи на „големата седумка“. Тие јасно разбираат дека Русија е одговорна за оваа нуклеарна криза.

Но, ние треба да тргнеме од дискусиите и повиците за нови остри санкции против Русија, против Росатом и целата нуклеарна индустрија на терористичката држава. Сите руски сили мора веднаш да се повлечат од станицата и од соседните области без никакви услови.

Светот со децении се бори за соодветна контрола врз сите активности со нуклеарни материјали и радијациона безбедност. И ако сега светот нема сила и решителност да заштити една нуклеарна централа, тоа значи дека светот ќе загуби. Ќе загуби од терористите. Ќе ппушти на нуклеарна уцена. И ова може да биде преседан што ќе го видат другите терористи. Се уште постои шанса да се спречи оваа загуба.

Денес одржав состанок на Штабот на Врховниот командант. Главна точка на дневниот ред беше темелна анализа на воено-стратешката состојба. Известуваа Шефот на главната управа за разузнавање Буданов и Шефот на службата за надворешно разузнавање Литвиненко. Посебен извештај даде и Командантот на Силите за специјални операции Хоренко. Се разбира, беа и Залужниј, Шаптала, Монастирски, Данилов, Јермак, Резников.

Разгледавме и – од она што може јавно да се разговара – прашањето за обезбедување на нашата војска со оружје и муниција и статусот на спроведување на претходните одлуки на Штабот – сите тие мора да се спроведат 100%, одговорноста за ова е лична.

Денес се одржа прилично продуктивен состанок на Врховната Рада на Украина. Меѓу другото, пратениците гласаа и за двајца членови на Врховниот совет на правдата.

Продолжувам да воспоставувам односи на највисоко ниво со африканските земји. Денес разговарав со Претседателот на Нигер – до денес немаше контакти на ова ниво меѓу нашите држави. Му се заблагодарив за поддршката во ОН. Се разбира, се разговараше за клучните закани за глобалната безбедност.

Одржав состанок за подготовка на Кримската платформа. Очекувам проширување на географијата, нивото и бројот на учесници. Денес беше создаден Советодавниот совет за деокупација на Крим за координирање на сите мерки и проекти во оваа насока и обезбедување на активностите на Кримската платформа.

Се сретнав со Андриј Шевченко и актерот Лиев Шрајбер, амбасадори на нашата државна добротворна платформа UNITED24. Разговаравме како да го задржиме максималното внимание на светот на потребите на нашата заштита. Секоја недела, оваа задача станува поважна.

Русија создаде толку многу кризи, вклучително и криза на трошоците за живот во многу земји, како и кризи со храна и енергија, кои шират несигурност и огорченост од животот низ целиот свет. Мора да го задржиме глобалното внимание фокусирано на основната причина за овие кризи, имено: руската агресија. И мораме да потсетиме дека токму Украина беше таа која најмногу настрада од рускиот терор.

Благодарен сум им на сите кои ја извршуваат оваа важна функција, вклучително на амбасадорите на UNITED24. Нивната активност значи милијарди гривни за Украина и постојано зголемување на вниманието кон потребите на нашата држава и народ.

Ситуацијата на линијата на фронтот не претрпе значителни промени во текот на изминатиот ден. Херојскиот отпор на нашата војска продолжува во Донбас, на Харкивската област. Го притискаме непријателот на југот на нашата земја.

Сакам да им се заблагодарам денеска на сите наши артилерици, наши разузнавачи, на Службата за безбедност на Украина и на сите други кои обезбедуваат доследно уништување на командните пунктови на окупаторите и нивните складишта за муниција. Сите руски терористи треба да знаат дека секој метар украинска земја е апсолутна опасност за нив. Без разлика како се обидувале да се сокријат. Без разлика каде се. Ќе бидат пронајдени и уништени.“, истакнува Зеленски.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk