ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Достојно признание и почит за тешката работа на рударите, честит да е 28 август – Денот на рударите

August 28, 2022 13:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на пригодната свеченост на рудникот „Булмак 2016“ од Пробиштип со која денеска се одбележа 28 Август – Денот на рударите. На свеченоста премиерот Ковачевски беше  придружуван од министерот за внатрешпни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство Љупчо Николоски, а присуствуваа и градоначалници од регионот, претставници од раководството на рудникот, рудари и други гости, при што беше направен краток осврт за досегашното постигнување на компанијата и инвестиците во рударството, како една од водечките извозни стопански дејности.

Со повеќе од 10 отсто во вкупното индустриско производство во државата, рударскиот сектор е клучен за нејзиниот напредок. Кај нас имаме над 100 активни рудници, кои заедно со своите придружни дејност вработуваат околу десет илјади луѓе. Меѓу нив е рудникот во Злетово, кој со амбициозна стратегија и план, за краток временски период од стечај успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата „Булмак 2016“ која управува со овој и со рудникот Тораница, дури и во време на криза и пандемија е меѓу првите 30 во државата според успешност, рече премиерот Димитровски.

Во изминатиот период, додаде тој, во двата рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и платите на вработените.

Исправивме огромна неправда за рударите што се провлекуваше низ годините, односно со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, што Владата го направи во 2018 година, сега тие во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи ако претходно се пензионирале на 58-годишна возраст, сега во пензија заминуваат на возраст од 50 години, а во периодот од 2018 година до денес ова право го остварле 105 рудари. Преку системски решенија растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.800 денари, а платите на рударите се над овој просек, истакна премиерот Ковачевски.

Рудникот „Булмак 2016“ веќе доби дозвола за експлоатација и почнат е проект за отворање нов хоризонт за ископ од кој се очекуваат околу 800 илјади тони олово-цинкова руда. Изготвен е и проект за откопување 1,2 милиони тони рудни резерви од рудното наоѓалиште Плавица, а се инвестираат неколку милиони денари за инсталација на нова филтер преса за одводнување на рудниот концентрат.

На свеченоста по повод празникот на рударите, беше прочитано и поздравното писмо од Николја Волканов, директор на бугарската компанија „Минстрој“ која стопанисува со рудникот во Пробиштип, а на најуспешните рудари им беа доделени награди и признанија.

Next Post

Дојче бан: Секој петти купувач на евтиниот месечен билет од 9 евра повторно го откри јавниот превоз во Германија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk