ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи со Македонците во Албанија: Остануваме ангажирани за заштита и промовирање на етничката, културна и јазична посебност на Македонците во Албанија

August 28, 2022 17:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи останува во комуникација со македонското национално малцинство во Албанија за прашања кои ги засегаат Македонците овде и активно е ангажирано за заштита и промовирање на нивната етничката, културна и јазична посебност, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи по работна посета на Требиште и Пустец и средбите со истакнати активисти и претставници на тамошните Македонци и на локалните власти.

Како што соопшти МНР, оваа втора по ред посета на Османи на Македонците во Албанија во изминатите неколку месеци е во рамките на континуираната соработка меѓу Министерството за надворешни работи и македонските здруженија од оваа соседна земја.

Во фокус на разговорите на Османи со неговите домаќини беше положбата на Македонците во Албанија и поддршката што тие ја добиваат од институциите на Северна Македонија, при што министерот како конкретна форма на таа помош ги издвои проектите финансирани од МНР и владините стипендии за студирање во земјава.

Министерот Османи потенцира дека ќе подготви информација до Владата и акциски план, како Северна Македонија и нејзините институции можат преку конкретни проекти да им помогнат на Македонците во Албанија.

На средбата со претставниците на Требиште се разговараше и околу можностите за промена на работното време на граничниот премин „Требиште-Џепиште“, како исклучително важно за прашање за македонското население во регионот на Голо Брдо за проширувањето на соработката меѓу локалните единици од двете страни на границата и за поттикнување на економската и културната соработка.

Османи во разговорите го потенцира значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која меѓу другото подразбира отворање нови или ревитализирање на постојните гранични премини. Тој потенцираше дека преминот „Требиште-Џепиште“ ќе придонесе за уште поголема флуктуација на населението што ќе овозможи подобрување на севкупните состојби во тој крај.

При посетата на Пустец, пак, Османи се сретна и со претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјоски, со градоначалникот Пали Колески и со Трајан Вангеловски, директорот на основното и средно училиште во ова место во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик.

На средбите се разговараше за подобрување на условите за живеење и беа разгледани повеќе проекти поврзани со комуналното уредување на општината, а беше истакнаа и потребата од натамошно зголемување на можностите за студирање на Македонците од Албанија на високо образовните институции во Северна Македонија, која се спроведува повеќе децении.

Во рамки на престојот во Пустец, Османи ја посети и спомен куќата на писателот Стерјо Спасе, проект кој во рамките на ИПА програмата на ЕУ беше реализиран од страна на Битолскиот завод – музеј и Дирекцијата за култура на Корча.

Next Post

Ковачевски: Инвестираме во капитални проекти во земјоделството за одржливо и зголемено производство на храна

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk