ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Грковска: Од големо значење е партнерскиот однос при зајакнување на демократските процеси во нашата држава, поврзани со доброто владеење

August 29, 2022 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска учествуваше на завршниот настан на Проектот на УСАИД за граѓанско учество: „Шест години Проект на УСАИД за граѓанско учество – Силни граѓани за отчетни институции“, на кој имаше воведно обраќање и беше дел од панел дискусијата поврзана со антикорупциските политики и транспарентноста.

Грковска, како што информира владината прес-служба, упати благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на Проект на УСАИД за граѓанско учество. Вицепремиерката Грковска ја истакна важноста на партнерскиот однос при зајакнување на демократските процеси во нашата држава, поврзани со доброто владеење, интегритетот, зголемување на транспарентноста и отвореноста на институциите, дигитализацијата.

Јакнењето на интегритетот е составен дел на системот за добро владеење, кој треба да обезбеди ефикасни институции и брзи и квалитетни услуги за граѓаните. Во соработка со УСАИД организиравме обуки за Етичкиот кодекс за 127 функционери, кои беа именувани оваа година, како и тестови за интегритет. Проектот исто така даде огромен придонес во процес на обучување на обучувачи кои понатаму самостојно ќе бидат во можност да ги држат обуките за Етичкиот кодекс и за интегритет, што е во насока на политиката на Кабинетот да креира одржливи системски решенија, нагласи Грковска.

На конференција, на која учествуваа и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, како и претставници од граѓанските организации и Државната комисија за борба против корупцијата, вицепремиерката Грковска потенцираше дека Владата посвети големо внимание на транспарентноста и отчетноста на институциите, кои се основен и клучен предуслов за одговорно и ефикасно управување и токму затоа оваа година е постигнато највисоко ниво на транспарентност.

Владата од една затворена институција со само 25 поени во 2016 година, денес во 2022 година се искачи на првата позиција со активната транспарентност 100. Истражувањето покажа дека мерките даваат позитивни резултати, својата активна транспарентност годинава ја подобрија дури 81 отсто од институциите, изјави Грковска.

На панел дискусиите, кои беа организирани во рамки на завршниот настан, панелистите дебатираа и за младинската вклученост и јакнење на дијалогот меѓу граѓаните и Владата за важните општествени прашања при креирање на јавните политики.

 

Next Post

Демант на градоначалникот на Општина Гевгелија за тоа дека се трошело по 1.400 евра месечно за угостителски услуги

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk