ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими на средба со Реме и Холштајн: Продолжува поддршката од КФВ банка

August 29, 2022 16:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Проекти во вредност од над 150 милиони со поддршка на КФВ Банка се спроведуваат во земјата. Динамиката на нивното спроведување и идна соработка на нови проекти  беа тема на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на СР Германија во земјава Анке Холштајн и новиот директор на канцеларијата на КфВ банка во РС Македонија и Косово.

KфВ банката е дел од групацијата KfW Bankengruppe која е одговорна за финансиска соработка со земјите во развој. Таа со поддршка на Германската амбасада во земјава ја спроведува финансиската соработка во рамки на билатералната развојна соработка со СР Германија. Обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и  заштитата на животната средина. Нејзината мисија во Република Северна Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на транзицискиот процес и поддршка за пристапување кон ЕУ.

Министерот за финансии на средбата изразил благодарност за континуитетот во поддршката што ја добива земјава од СР Германија и КФВ банката во изминатиот период и очекува таа да продолжи и со поголемо темпо со новото раководство на банката. Станува збор за програма за наводнување на Северна Македонија во вредност од 80 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КФВ банката, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ Банка, како и реконструкција на студентските домови од 20 милиони евра.

-Тоа е значајна поддршка која РС Македонија ја добива од КФВ банката, а особено значајна во моментов е поддршката во секторот енергетика, за зголемување на капацитетите за производство на електрична енергија и воведување топлификација во Битола , истакнал министерот Бесими.

Како што информираат од Министерството за финансии, од КФВ Банката постои интерес за соработка во повеќе проекти, како Ветерниот парк Миравци, поставување фотоволтаични централи во ТЕ Битола и Соларно парно греење Битола, како и реалиација на трета фаза од рехабилитација на шест големи ХЕЦ.

-На средбата е истакнато дека реализацијата на капителните инвестиции е еден од приоритетите на Владата. Оваа година со ребалансот, иако е криза, имаме предвидено рекордно ниво на капитални инвестиции од 520 милиони евра.  Тоа се средства кои ќе значат поддршка за компаниите кои ќе бидат вклучени во нивната реализација, а на долг рок нивната реализација ќе значи придонес во економскиот раст, подобра конкуреност на економијата, подобра регионална соработка преку подобрата инфраструктура. Сето тоа на долг рок значи одржлив економски раст, стои во соопштението.

СР Германија, истакнуваат од МФ, е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат на евроинтеграција и развој на општеството. Таа е и нашиот најзначен трговски партнер. Германската Влада досега има инвестирано во земјава 500 милиони евра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk