Денеска околу пладне трговскиот центар „Скопје Сити мол“ беше евакуран поради дојава за бомба, а посетителите и вработените беа изнесени пред трговскиот.
Вработените раскажуваат дека полицијата ги евакуирала откако добиле дојава за бомба. Дел од нив чекаат да заврши увидот на полицијата и да ги повикаат на работа, а оние кои се втора смена чекаат колегите да ги известат дали трговскиот ќе работи во попладневните часови.