Поранешниот премиер Зоран Заев, со видео порака го честита Денот на демократијата – Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата, 15 септември.
„Денес имаме владеење на народот. Денес одлучуваат тие кои гласаат. А, не оние кои бегаат. Демократијата е глас. Гласот на секој еден поединец. Глас слушнат, разбран, уважен, испочитуван. Гласот на сите групи во нашето општество“, истакнува Заев во видео пораката.