ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан

September 16, 2022 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум. Тој е еден од столбовите на евроатлантска Република Северна Македонија, заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор, а еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Дополнително, како што рече министерот Османи, меѓународни договори не можат преку да се поништат преку еднострани одлуки.

Според Османи, сепак, опозицијата со иницијативата за референдум за договорот со Бугарја му направила услуга на процесот за уставни измени затоа што, како што истакна, ја раздвоила дебатата за уставните измени и Договорот со Бугарија, бидејќи едното и другото не се поврзани.

Уставните измени не се дел од Договорот со Бугарија, кога вие го оспорувате само договорот, тоа значи дека ви се во ред уставните измени. Мислам дека тоа е добро за да се раздвои оваа дебата. Во ред, ќе разговараме за Договорот со Бугарија.Тоа е оврска преземена која што не може да се поништи, но, еве ќе разговараме во еден долг рок дали било добро или не било добро. Но, тоа не е поврзано со уставните измени. Тие не се контроверзни, тие прво се рефлексија на нашиот однос кон заедниците, како и за сите помали други заедници. Нема причина за каква било дискриминација во тој дел, затоа што нашиот систем не познава малцинства по број освен за 20 отсто, рече Османи.

Министерот за надворешни работи, како што потенцира, е сигурен дека со секој поминат ден се повеќе ќе има поддршка за стратешките одлуки и правци за државата во тешки регионални и геополитички контексти.

Знам дека на ВМРО-ДПМНЕ нема да им донесе никаков бенефит овој став кон стратешките прашања, ниту во нивнот имиџ пред граѓаните, ниту пред меѓународната заедница, ниту пак воопшто ќе даде одредена додадена вредност на нивната политичка иднина. Не знам зошто тоа не можат да го разберат, затоа што игра со стратешките прашања во дневно-политички контекст секогаш било губитничка варијанта за тие што тоа го прават, вели шефот македонската дипломатија.

Но, вели, од комуникација со луѓе на ВМРО ДПМНЕ верува дека и таму се има разбирање оти од овој процес нема штета и дека Северна Македонија не смее да биде заложник на дневно-политички и партиски интереси.

Никој нема да има штета ако се направат уставните измени. Напротив, државата ќе се покаже пред светот отворена за заедниците, а тоа исто така ќе овозможи продолжување на патот кон преговорите, рече министерот за надворешни работи на редовниот брифинк со новинарите.

Во однос на најавите од Левица дека ќе поднесе нова иницијатива за распишување референдум, Османи вели дека неговиот личен став е дека тие не се македонска партија, туку, како што рече, партија во функција на руската пропаганда за да го свртат македонскиот народ против ЕУ и САД.

Мислам дека на државата нема да и направат многу штета затоа што има поширок консензус за правците по кои таа се движи, но на народот што го претставуваат може да му направат многу штета обидувајќи се да го свртат против вредностите што ние ги споделуваме. Не треба да паднеме на таа пропаганда која делумно е стимулирана и финансирана и има многу лоши и зли намери, прво кон сопствениот народ, а потоа и кон другите граѓани и кон државата, вели Османи.

Тој додаде дека е легитимно партиите да ги користат овие незадоволства и фрустрации на граѓаните за за политички цели, но, како што потенцира, мора да има одредени граници и тоа не смее да биде на сметка на иднината на државата, ниту на сметка на иднината на граѓаните.

Next Post

(ВО ЖИВО) Панел на ЦИВИЛ - Зад димната завеса: Со референдумот, или на него

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk