Обединетото Кралство е доверлив партнер со чија поддршка ги градиме оперативните капацитети и ги развиваме способностите на Армијата, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
За британската поддршка разговаравме со експертски тим за евалуација предводен од одбранбеното аташе потполковник Метју Вокер. Соработка во областа на одбраната помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство продолжува со засилено темпо, напиша Петровска на фејсбук.