ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Забрчанец: Ако го блокираат Отворен Балкан, Милошоски и Мицкоски стануваат противници на три народи и три држави

September 27, 2022 13:52
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Неодговорно и на штета на граѓаните и на бизнис секторот е блокирањето на договорите од Отворен Балкан од страна на пратеникот Милошоски, изјави Националниот координатор за Отворен Балкан и регионална соработка, Марјан Забрчанец за Фронтлајн.

„Ратификацијата на договорите за слободен пристап до пазарот на трудот и за идентификациски број за граѓаните на Отворен Балкан мора да се заврши во Собранието за да може да стартува проектот за слободно ангажирање работна сила во која било од трите држави без работни дозволи“ – вели Забрчанец.

На прашањето која е потребата и кои ефекти се очекуваат од оваа новина во регионалното поврзување, Забрчанец одговори дека побарувачката и очекувањата за оваа мерка се огромни и кај граѓаните и кај фирмите.

„Побарувачката и очекувањата за оваа мерка се огромни и кај граѓаните и кај фирмите. Се очекува овој проект да пополни празнини во економијата предизвикани од недостаток на соодветна стручна и работна сила во разни дејности во секоја од трите држави. Се очекува медицински персонал во приватните болници како и туристички работници да се ангажираат во Северна Македонија, но секако и ангажирање  работна сила и во други дејности во нашата држава, како и ангажирање наши граѓани во Албанија и Србија“ – изјави Забрчанец за Фронтлајн.

Тој е дециден во оценката дека кочењето на ваквите проекти директно ги погодуваат развојот и зголемувањето на бројот на работните места.

„Секој кој ќе се осмели да кочи и блокира ваков проект дејствува против раст и развој на економијата, против нови работни места и против конкурентност која носи повисоки плати“ – рече Забрчанец.

Тој смета дека Милошоски има обврска да одговори на прашањата дали се работи за координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат регионалната иницијатива што ја поддржуваат граѓаните од сите три држави.

„Милошоски треба да одговори дали е ова координиран обид на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски да кочат регионална иницијатива поддржана од огромно мнозинство од македонските, албанските и српските граѓани. Дали овој потег на Милошоски се надоврзува на скандалозната изјава на Мицкоски од пред некој ден дека тој не знаел што е тоа Отворен Балкан и дека не знаел каква е таа регионална соработка меѓу две држави како Албанија и Србија кои не граничеле меѓу себе?“ – прашува Забрчанец.

Националниот координатор Забрчанец е убеден дека блокадите не успеваат, туку дека успева Отворен Балкан.

„Доколку станува збор за обид за блокада или кочење проект на Отворен Балкан, Милошоски и Мицкоски треба да знаат дека со тоа се прогласуваат себеси за противници на три народи, три економии и три држави. Блокадите не успеваат, успева Отворен Балкан“ – заклучи Забрчанец.

Next Post

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јовчески, удрија по џебот на прилепчани, велат советниците од СДСМ Прилеп

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk