ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пенов е таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот, Мостот кај Транспортен…

October 6, 2022 00:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПИСМА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ристо Пенов, првиот избран градоначалник на Град Скопје, кој во два наврати излегуваше како победник на локалните избори во главниот град, ќе биде новиот министер за локална самоуправа во македонската влада. Ристо Пенов е еден од ретките градски татковци, а и политичари за кого во јавноста сеќавањата се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и искуство.

Ристо Пенов беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2004 година, период кој е одбележан со првите напори на локалната власт за средување на состојбите во Градот по еден подолг период на стагнација. Иако Градот Скопје тие години речиси немаше ни половина од денешните ингеренции, а беше оставен со буџети десеткратно помали од денешните, во тој период метрополата доби, започна или заврши, повеќе капитални проекти кои  денеска го прават Скопје да биде функционален град.

Од тоа време е пешачката стаза на кејот на реката Вардар, која и денес е еден од најпосетуваните простори за спорт и рекреација на Скопјани, далеку од градскиот сообраќај и вревата.

Во 2003 година, под раководство на Пенов, се реализираше модернизацијата на централниот плоштад Македонија, кога се уреди приодот кон плоштадот, се воспостави атмосферска канализација и се измени целосно изгледот користејќи гранитни плочи и дел од старата коцка со цел да се зачува дел од неговата историја. Почетниот дел на плоштадот беше обележан со цветен круг, каде традиционално се поставуваше огромната новогодишна елка.

Во тоа време, Пенов ја започнува и изградбата на единствената современа спортска сала во земјата – Борис Трајковски – А1 Арена.

Во мандатот на Пенов се реши огромниот сообраќаен проблем наречен улица Водњанска. Дотогаш постојано во застој, тесната улица со калдрма, се претвори во широк, модерен булевар кој овозможи многу полесен пристап до еден од стратешките објекти во Скопје – Клиничкиот центар, познат кај граѓаните како Државна болница. Денес се зборува дека Водњанска и современиот пристап до Клинички имаат спасено многу животи кога во прашање биле минути или секунди.

За време на својата служба како градоначалник на Скопје, Пенов изврши проширување на железничкиот мост во Хром и ја проби улицата Адолф Циборовски (Васил Чакаларов) со што се отвори уште еден коридор кој го поврзува Ѓорче Петров со Карпош и понатаму со центарот на градот.

Освен железничкиот мост, еден од поголемите проекти кои го одбележуваат периодот кога Ристо Пенов беше скопски градоначалник е и мостот кај транспортниот центар, кој отвори витална и многу потребна сообраќајна трансверзала од просторот кај поранешно Сајмиште, кон Маџир маало и понатаму кон Аеродром и Кисела вода.

Во делот на средувањето на сообраќајниот хаос, Пенов за време на својот мандат, ја сели и ја модернизира Автобуската станица Скопје во транспортниот центар, каде се наоѓа и централната станица за приградски автобуски превоз кој претходно беше на сосема несоодветно место покрај кејот, на местото каде што денес се наоѓа црквата Св. Богородица.

Пенов денес е симбол на постарата генерација политичари кои успеаја да се издвојат од политичарите на транзицијата и да бидат првите кои на Градот и на државата им донесоа современост и модерна функционалност.

Next Post

Ковачевски на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага посветен на енергетската и економската криза

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, излезеноста 45,71 отсто

November 2, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Правила за избор на градоначалник: Победува кандидатот со најмногу гласови, ДИК резултатите ги објавува во рок од 12 часа

November 2, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈО: Изборниот ден помина мирно со само еден инцидент во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk