Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Мултимилијардерот Илон Маск се „прослави“ со својот Твит во кој „мудро“ и „непристрасно“ ја претстави својата „визија“ за мир меѓу Русија и Украина. Неговото „височество“ на својот твит му додаде и анкета, божем, не мора да значи дека твитот е негово мислење, туку ги изнесува своите предлози на гласање. Нешто како „еве, само гласно си размислувам.“ Чиста манипулација.
Еве што напиша Илон Маск:
Украинско-руски мир:
– Повторете ги изборите во анектираните региони под надзор на ОН. Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот.
– Крим формално е дел од Русија, како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов).
– Водоснабдувањето на Крим е обезбедено.
– Украина останува неутрална.
Сепак, може и вака:
Украинско-руски мир:
– русија заминува од Украина, плаќа воени репарации
– Путин се изнесува пред Меѓународниот трибунал за воени злосторства
– Слободни избори во русија, под меѓународна супервизија
– Украина останува слободна да му се придружи на било кој сојуз
– @elonmusk (Илон Маск) престанува да шири рашистичка пропаганда. Фала, Илон! Чекај, дали напишав „фала“? Мислев нешто друго.
Се прашувам, дали Илон ќе гласа за моите предлози за мир меѓу Украина и агресорите?
UA-RU Peace:
– RU leaves UA, pays war reparations
– Putin stands trial, ICT
– Free elections in RU, intl. supervision
– UA remains free to join any alliance
– @elonmusk stops spreading ruscist propaganda. Thank you, Elon!
Wait, did I just write thank you? I meant something else. https://t.co/4mwxrPJeeb— Xhabir Deralla (@XhabirDeralla) October 6, 2022