ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сарачини побара јавно извинување од Божидар Божиновски-Моџо за навредите и лагите на социјалните мрежи

October 9, 2022 19:46
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Институтот за медиумски анализи (ИМА), новинарот и активист Петрит Сарачини, објави реакција на навредите изнесени на социјалните мрежи против него. Ја пренесуваме неговата реакција во целост:

Божидар Божиновски, познат како Моџо Килингтон, во постови на неговиот влијателен ФБ профил, изрекува тешки навреди кон мене нарекувајќи ме „фашистичко гомно“, и ТЕШКА ЛАГА дека сум се јавувал во ТВ24 за да не го емитуваат! Овие лаги се проширија и на неколку портали, како Инфомакс, Експрес.мк и Доказ М.

Не сум се јавувал кај некого во ТВ24, мојот последен контакт со луѓе од оваа телевизија е пред повеќе од 4 месеци, на 2 јуни гостував кај Сеад Ризвановиќ во Студио 10. А за навредите од типот „фашистичко гомно“, што да речам, зборуваат сами за оној што ги изрекува и што ги шири.

Го повикувам јавно Божидар Божиновски, како и порталите Инфомакс, Експрес и Доказ М да се извинат за овие навреди и лаги и да го објават овој демант!

Го повикувам јавно уредништвото и менаџментот на Телевизија 24 да ја демантираат оваа лага која ги клевети и нив како цензори!

Го повикувам Здружението на новинарите на Македонија ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија СЕММ да им застанат на патот на овие јавни напади и хајки со лаги и тешки навреди!

И покрај овие напади кои траат со години и ми го нарушуваат личното и семејното достоинство и интегритет, досега не сум тужел никого! Ептен јак „цензор“ да сум ти бил!?

Ако на ова општество не му чинат луѓе како мене и молчи пред овие лажговци и дезинформатори, а им чинат и ги креваат во јавноста тие што со години неказнето шират вакви клевети, навреди и напаѓаат луѓе без никаква причина, нека е со здравје! Не се секирајте. Ќе ви текне, кога ќе тропнат и на ваша врата!

 

Next Post

Ристо Пенов, политичар со кариера исполнета со конкретни постигнувања, идниот министер за локална самоуправа

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk